5.8 C
Скопје
02:17 - 21 февруари, 2026

„Драги тато, те сакам, ми недостасуваш…“ Ова е писмото што Николија му го испрати на татко ѝ, со трогателни зборови откри каков бил нивниот однос

Пејачката Николија Јовановиќ се потсети на емотивен момент од детството и на Инстаграм го покажа писмото што му го испратила на татко ѝ додека била во Париз.

„Драги тато, овде ми е супер, зборувам француски – го усовршувам. Многу те сакам и ми недостасуваш, едвај чекам да те видам, но не и да дојдам! Твојата ќерка Николина на која ѝ недостасуваш“, напишала пејачката, а разгледницата била адресирана на Србија.

Поранешниот сопруг на Весна Змијанац и татко на Николија, доктор по економски науки, Влада Јовановиќ, не се појавува во јавноста.

Со првиот сопруг, Весна Змијанац во 1989 година ја доби ќерката Николија.

Весна никогаш не криела кој е татко на нејзината ќерка, но поголемиот дел од јавноста не знае за кого станува збор. Станува збор за Влада Јовановиќ, кој своевремено работел како шеф на маркетинг во РТС.

По разводот со Весна, Влада повторно се оженил и во вториот брак добил уште две деца – ќерката Теодора и синот Лука.

„Татко ми е ‘алергичен’ на сè што има врска со шоу-бизнисот, уште од времето кога беше со мама. Како доктор на науки, никогаш не би ми препорачал да се занимавам со пеење“, изјави еднаш Николија за еден магазин.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....