15.8 C
Скопје
15:33 - 29 октомври, 2026

Драгана Клопчевска откри детали од бракот со Брејк: „Ако некоја му се пушта, јас прва ќе реагирам“

Поранешната Мис на Македонија, Драгана Клопчевска Гелева, која ретко се појавува во јавноста, проговори за бракот со македонскиот пејач Брејк и откри како реагира кога друга жена покажува интерес за нејзиниот сопруг.

Таа гостуваше во новата сезона на емисијата „Нешто конкретно“, заедно со поранешните мис на Македонија, Татјана Стојановска Китановска и Ана Биновска Кочева, а во разговорот учествуваше и актерот Гораст Цветковски.

Иако темата на емисијата беше женската убавина, гостите разговараа и за љубовта, брачните односи, самодовербата и меѓусебното внимание.

„Еве, јас бев најубава, па Брејк ме одбра!“

Драгана, која ја освои титулата Мис на Македонија во 2001 година, сподели неколку интересни детали од приватниот живот што ретко ги открива пред камерите.

На прашањето како би постапила доколку друга жена отворено му се додворува на Брејк, таа одговори дека веднаш би реагирала, нагласувајќи дека секој треба да ги почитува границите.

Зборувајќи за привлечноста и односот меѓу партнерите, поранешната мисица со насмевка изјави:

„Еве, јас бев најубава, па Брејк ме одбра!“

Таа се осврна и на својата одлука да носи две презимиња, откривајќи дека тоа сè уште претставува чувствителна тема за нејзиниот сопруг.

Драгана раскажа дека и покрај секојдневните обврски, таа и Брејк се трудат да одвојуваат време за заеднички вечери, излегувања и моменти посветени еден на друг.

„Мажите си сакаат внимание, а Брејк постојано вели дека мажите сакаат три работи: јадење, пиење и… јадење“, раскажа таа низ смеа.

Поранешните мис на Македонија открија како гледаат на љубовта и достоинството

Во емисијата гостуваше и Татјана Стојановска Китановска, која во 1992 година, на само 17 години, ја освоила титулата Мис на Македонија.

Таа истакна дека највредната особина што може да ја поседува една жена е мудроста, додавајќи: „А мудроста доаѓа по педесеттата година“.

Ана Биновска Кочева, која ја понесе титулата во 1998 година, зборуваше за важноста на самопочитувањето и поставувањето лични граници.

На прашањето што би направила доколку друга жена му се додворува на нејзиниот сопруг во нејзино присуство, Ана одговори:

„Си заминувам и ги оставам. Ако тој дозволил таква ситуација во мое присуство, што да кажам кога јас не сум тука?“

Таа призна и дека знае остро да реагира кога ќе почувствува дека некој ја навредува или не ја почитува, раскажувајќи случка во која се скарала со маж што се обидел да влезе преку ред.

Во разговорот се вклучи и актерот Гораст Цветковски, кој со своите духовити коментари придонесе за опуштената атмосфера во студиото.

Слични објави

(Фото) Македонската музичарка Мартина Блажеска очекува близнаци: „Од двајца ќе станеме четворица“

К.С.

Цвеќиња што ја разубавуваат есента — што да засадите на балконот во октомври?

К.С.

Драгана Беквалац скршена од болка по ненадејната смрт на миленикот: „Здрав како дрен, а замина за неколку минути“

Е.А.

(Фото) Адријан Гаџа и сопругата Сидорела во елегантни изданија на свадба — пејачот позираше и со родителите

К.С.

Нови шокантни детали за Беби Дол: Соседите тврдат дека е исфрлена од станот поради хаосот што го направила

Е.А.

(Видео) 20 години без Наско Џорлев – авторот на една од најубавите љубовни песни „Не кажувај либе добра ноќ“

Еспресо
Се вчитува....