15.8 C
Скопје
11:00 - 9 октомври, 2026

Прекрасна љубовна приказна на Александра Пилева за запознавањето со сопругот: „Јас сакам да те оженам“

Пејачката Александра Пилева отворено проговори за љубовната приказна со нејзиниот сопруг Зоран Чадиев и откри интересни детали за нивното запознавање. Како што раскажа во поткастот „Марија во Америка“ во Чикаго, важна улога во нивната приказна имала нејзината колешка и тогашна блиска пријателка Кристина Арнаудова, која всушност ги запознала.
Пилева во тоа време штотуку ставила крај на долга врска, а во разговор со Арнаудова ѝ кажала дека е подготвена за ново поглавје во животот.
„Имав една долга врска, но ајде да не зборуваме за тоа, не е ни важно. Млади бевме, тоа не беше љубов. Со Кристина Арнаудова, која ми беше другарка во тоа време, седевме една вечер и ѝ реков: ‘Готово е, расчистив со бившиот’. А таа ми рече: ‘Јас сакам да те запознаам со едни мои пријатели, ајде ќе излеземе’“, раскажа Александра.
Таа вечер во друштвото бил и Зоран, поранешен тренер на женската одбојкарска репрезентација, но Пилева вели дека при првата средба воопшто не го гледала како потенцијален партнер.
„Излеговме, седнавме со Зоран и со неговите пријатели и се запознавме. По два-три дена Кристина дојде кај мене и ми вели: ‘Што мислиш за Зоран?’. Јас ѝ велам: ‘Зошто Зоран?’. Таму имаше еден куп други луѓе, млади, не ни знаев зошто ме прашува баш за Зоран“, рече Пилева.
Тогаш Арнаудова ѝ дала до знаење дека Зоран се заинтересирал за неа.
„Кристина ми кажа дека Зоран бил добар дечко и ми даде до знаење дека му се допаѓам. Потоа повторно се видовме со Кристина, ама тогаш веќе знаев дека треба да го гледам Зоран. Тука веќе повеќе го забележав. Се запознавме подобро, излеговме и потоа се разви целата приказна“, раскажа пејачката.
Интересно е што Зоран и по изглед бил многу близок до замислата што Александра ја имала за мажот со кој еден ден би сакала да биде.
„Јас отсекогаш сум замислувала да имам таков маж, рус, висок. Секогаш сум велела: ‘Не можам да најдам баш таков каков што барам’“, рече Пилева.
Но, вистинското изненадување за неа дошло подоцна, кога дознала дека Зоран сакал да ја запознае многу пред нивната прва средба.
„Потоа излегува дека Зоран, на некој начин, сакал да се запознае со мене уште многу одамна. Но, бидејќи јас сум била во врска, не смеело во тоа време“, рече Александра.
Пилева се присети и на случка од 2004 година, кога сè уште не го познавала Зоран. Тогаш гостувала во живо во радио „Антена 5“, каде што слушателите испраќале пораки кои водителите ги читале во етер.
„Тоа можеби беше во 2004 година. Јас сè уште не го знам Зоран и сè уште сум во таа врска. На ‘Антена 5’ имав интервју со Дени и тогаш имаше пораки што стигнуваа на компјутер и ги читавме. Дени ми вели: ‘Па ти си во долга врска, каде е, дај да се мажиш’. Јас велам: ‘Ајде, не знам’. И во тој момент стигнува порака“, се присети Пилева.
Во пораката непознат слушател ѝ порачал да не се мажи за тогашното момче.
„Пишуваше нешто во стилот: ‘Александра, немој да се мажиш, јас сакам да те оженам’. Дени ја прочита пораката и ми вели: ‘Опа, еве некој сака да те ожени, да ти биде маж’. Јас од каде да знам кој е, не беше ни важно и си продолживме со емисијата“, раскажа таа.
Години подоцна, сепак, дознала кој стоел зад пораката.
„После излегува дека тоа бил Зоран. Можеби уште во 2004 година“, откри Пилева.
Така, една порака испратена во радио, која Александра во тој момент ја сфатила само како симпатична реакција од слушател, години подоцна добила сосема поинакво значење. Зоран, кој уште тогаш сакал да ја запознае, подоцна навистина станал нејзин сопруг.
Александра и Зоран денес живеат во Чикаго со нивниот син Лука. Семејството се преселило во САД во 2013 година.
По преселбата во Америка, Пилева направи пресврт и во професионалниот живот и денес работи како агент за недвижности, но не се откажа целосно од музиката и повремено настапува, меѓу другото и пред македонската публика во САД.
Нивниот син Лука е роден во 2011 година и сериозно се занимава со тенис.

Слични објави

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Слатко задоволство со мирис на есен— крцкави штрудли со јаболка и цимет, готови за половина час

К.С.

(Видео) Калиопи откри што направила со необјавената песна со Тоше Проески: „Ја ставив во неговиот ковчег, таа си замина со него“

К.С.

Хороскоп за 9 октомври: Биковите ќе ги покажат своите способности на работното место

Еспресо

(Видео) Вики Миљковиќ и Десингерица ги изненадија обожавателите – запејаа на овој хит од 90-тите

Еспресо

Сузана Манчиќ ја објави првата фотографија со внукот – не ја тргна насмевката од лицето

Еспресо
Се вчитува....