15.8 C
Скопје
15:33 - 29 октомври, 2026

(Видео) „Долго ја чувавме нашата тајна“: доаѓа принова во семејството на Теодора Џехверовиќ

Семејството Џехверовиќ ќе стане побогато за уште еден член! Имено, снаата на пејачката, инфлуенсерката Адриана Кадар и нејзиниот брат Сава го очекуваат своето второ дете, а сега решија среќната вест да ја споделат со јавноста.

Бременоста долго време ја чуваа како тајна, бидејќи на снимката што ја сподели Адриана може да се види дека таа веќе е во поодмината бременост.

Парот, кој пред извесно време се пресели во Дубаи, веќе има ќеркичка, а сега го очекуваат своето второ дете, исто така девојче.

Со прекрасната снимка, идната мајка напиша: „Долго ја чувавме нашата тајна, но дојде време да ја споделиме со вас – Доротеа станува ГОЛЕМА СЕСТРА! Со вера во Бога и со срца полни со надеж и љубов, го очекуваме доаѓањето на уште една мала душа во нашиот дом.“

Нема сомнение дека на приновата особено ѝ се радува тетката Теодора, но и бабата Гоца Џехверовиќ.

Слични објави

(Фото) Македонската музичарка Мартина Блажеска очекува близнаци: „Од двајца ќе станеме четворица“

К.С.

Цвеќиња што ја разубавуваат есента — што да засадите на балконот во октомври?

К.С.

Драгана Беквалац скршена од болка по ненадејната смрт на миленикот: „Здрав како дрен, а замина за неколку минути“

Е.А.

(Фото) Адријан Гаџа и сопругата Сидорела во елегантни изданија на свадба — пејачот позираше и со родителите

К.С.

Нови шокантни детали за Беби Дол: Соседите тврдат дека е исфрлена од станот поради хаосот што го направила

Е.А.

(Видео) 20 години без Наско Џорлев – авторот на една од најубавите љубовни песни „Не кажувај либе добра ноќ“

Еспресо
Се вчитува....