15:06 - 7 февруари, 2026

Дневен хороскоп за 10 април 2019, среда

ОВЕН

РАБОТА: Будно следете ги новостите и не се предавајте пред ограничувањата.

ЉУБОВ: Денеска не е ден за еротски случувања, но затоа емоциите ви се на високо ниво.

ЗДРАВЈЕ: Ве мачат алергии.

БИК

РАБОТА: Ве штитат, но тоа не значи дека не треба да се докажувате.

ЉУБОВ: Ви следува складен љубовен ден во кој ќе успеете да ги надминете сите критики од партнерот и да се прилагодите на ситуацијата.

ЗДРАВЈЕ: Чувствителен стомак.

БЛИЗНАЦИ

РАБОТА: Ако се сомневате во своите способности, погледнете наназад и ќе сфатите што сте постигнале досега.

ЉУБОВ: Избирајте ги зборовите паметно, за да не наидете во празнина во односите.

ЗДРАВЈЕ: Краткотрајна главоболка.

РАК

РАБОТА: Со своето знаење ќе постигнете многу почит кај своите колеги.

ЉУБОВ: Партнерот ќе ве опсипе со нежности. Односот ви се подобрува секој ден.

ЗДРАВЈЕ: Расположени сте.

ЛАВ

РАБОТА: Ќе бидете растргнати меѓу желбите и можностите. Гледајте реално на нештата.

ЉУБОВ: Семејната ситуација нема да ви дозволи да согледате дека ви се насмевнува добра љубовна прилика.

ЗДРАВЈЕ: Грижете се за себе.

ДЕВИЦА

РАБОТА: Следете ги своите колеги, бидејќи само така ќе стигнете до заедничката цел.

ЉУБОВ: Пред вас е исполнет љубовен ден со квалитетно заедничко време.

ЗДРАВЈЕ: Прошетајте на воздух.

ВАГА

РАБОТА: Не навлегувајте во дискусии кој е во право, а кој не.

ЉУБОВ: Ќе покажете дека цврсто верувате во своите љубовни идеали и дека очекувате многу од личноста која ја сакате.

ЗДРАВЈЕ: Привремени несоници.

СКОРПИЈА

РАБОТА: Ќе бидете мотивирани за интересни професии, како што се пишувањето и уметноста.

ЉУБОВ: Ќе сфатите дека некоја личност од вашето опкружување е многу заинтересирана за вас.

ЗДРАВЈЕ: Чувајте се од ментални манипулации.

СТРЕЛЕЦ

РАБОТА: Ако одите на службено патување, добро проверете го автомобилот и купете патничко осигурување.

ЉУБОВ: Еден разговор ќе ве наведе да го преиспитате својот однос со личноста која ви се допаѓа.

ЗДРАВЈЕ: Кашлица.

ЈАРЕЦ

РАБОТА: Потрудете се околу менаџирањето на финансиите.

ЉУБОВ: Љубовта го исполнува вашиот дом. Среќни сте со својата ситуација.

ЗДРАВЈЕ: Охрабрете се.

ВОДОЛИЈА

РАБОТА: Ќе научите подобро да ги организирате парите што ги имате на располагање.

ЉУБОВ: Напорно ви е да објаснувате зошто избегнувате блискост. Затоа, само дистанцирајте се.

ЗДРАВЈЕ: Проверете ја крвта.

РИБИ

РАБОТА: Ќе мешате професионални и приватни нешта, но обидете се тоа да не ви пречи на работа.

ЉУБОВ: Ја барате сродната душа. Гледајте внимателно околу себе.

ЗДРАВЈЕ: Чувствителни мускули.

Слични објави

Филмско бегство со тротинети: Откриени нови детали за нападот врз домот на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Фото) „Многу креативно“: Луна Ѓогани сподели како се забавува со ќерките во својот дом

Еспресо

Милица Тодоровиќ со отворено писмо: „Поминувам низ пекол, не ми дадовте ни да си го запознаам детето“

Еспресо

Хороскоп за 7 февруари: Биковите ќе ги изразат чувствата, Девиците ќе си постават приоритети

Еспресо

(Фото) Ќерката на Анабела Атијас оперирана: Нина се огласи од болничкиот кревет, со лицето во завои

Еспресо

(Фото) Поранешната снаа на Кеба замина од Србија: Софија ужива на оваа далечна дестинација

Еспресо
Се вчитува....