35.4 C
Скопје
17:21 - 27 јуни, 2026

ЏОНИ ДЕП БОЈКОТИРАН ОД ХОЛИВУД: Филмот „Минамата“ нема да излезе во САД

Џони Деп отсекогаш бил атипична славна личност, ненаситен читател на книги и пријател на писателите, а често е забележан меѓу полиците на одличната книжарница „Book Soup“ во Холивуд.  Па оттука не е ни чудо што не е толку омилен меѓу холивудските филмски работници. Сега пак, наместо да прослави ( по комплицираните години, актерот ја доби правната победа против поранешната сопруга Амбер Херд, која го обвини за тепање и малтретирање), тој даде интервју за британскиот „Сандеј Тајмс“ во кое се жали.

„Холивуд ме бојкотира“, се пожали Деп, посочувајќи дека неговиот нов филм „Минамата“ (биографија на големиот воен фотограф Јуџин Смит) нема да излезе во САД. Дополнително, призна дека „како човек и како актер“ поминал низ хаотична ситуација и вети дека ќе се посвети повеќе на работа на себеси.

Инаку, да има неколку проблеми – проблем се видеата што ги сними во кои гледаме еден насилен Деп, кој крши шишиња и го обојува огледалото со крв, проблем е и загубената тужба против британскиот таблоид „Сан“ кој во 2018 година го нарече сопруг -силеџија. Сите овие проблеми тој ги нарече заговор против него.

Деп, кој е ѕвезда веќе триесет години, си обезбеди и „лоша слава“ во Холивуд поради неговата историја на зависности – првите апчиња за стимулација ги зел на 11 години, а прво апсење поради тепачка му се случило во 1989 година.

Денес, 58-годишниот глумец, навистина изгледа постар и потрошен, и изгледа дека убавината на неговата извонредната кариера помина. Не добива улоги, па му останаа „независните“ филмови, како што е и „Минамата“ за која холивудските критичари рекоа дека можеби не е лоша, но „тоа е само продукција со микро-формат“. Што пак, за МГМ беше доволно да го откаже филмот од кината.

Слични објави

Музичарот Александар Ицов слави десет години на сцената со два нови проекти

apostolova

Андријана Петрушовска промовираше уникатен албум со народни песни во ново руво

apostolova

(Фото) Бојан Илиевски се врати во Скопје – ја прославил победата во Ѕвездите на Гранд со сладолед, а добил честитки и од Елиф Елмаз

Т.Ц.

(Фото) Сите девојки го обожаваат: Маја Шупут го носи најпосакуваниот костим за капење

Еспресо

Водителката на „Никогаш не е доцна“ ги оперирала бутовите, на 40 години се подложила на естетска операција

Еспресо

Пајак емотивно за родителите: „Да не биде доцна, не дај Боже – да си ги почитувате и да им се јавувате“

Еспресо
Се вчитува....