10.8 C
Скопје
20:16 - 24 март, 2026

„Денес ќе дознаам кога ќе одам на операција“: Рале и Ана фотографирани заедно во хотел, таа му е голема поддршка

Ана Николиќ веќе подолго време престојува во еден луксузен хотел во Белград, заедно со ќерката Тара.Нејзиниот емотивен партнер и соработник, композиторот Горан Ратковиќ – Рале, редовно ѝ доаѓа на посета, а овој пат беше забележан пред хотелот.

Како што пишува „Блиц“, Рале пристигнал со автомобил, а кратко застанал пред влезот, барајќи нешто во возилото. Тој објаснил дека се обидувал да најде марама за Ана пред да се упати кон рецепцијата, а при тоа се осврнал и на своето здравје.

„Добро сум, не знам кога ќе ме примат на операција, денес по три часот ќе дознам. Вчера завршував сè околу документацијата. Ана е во хотелот, барам некоја марама за неа, не можам да ја најдам“, рекол Рале.

Неколку часа подоцна, парот заедно го напуштил хотелот. Иако Ана не била расположена за подолг разговор, кратко истакнала дека му дава целосна поддршка на својот партнер пред претстојната интервенција.

„Ќе биде се во ред, не е ништо драстично, јас секогаш сум поддршка“, рекла Ана.

Според достапните информации, цената за ноќевање во хотелот во кој престојува изнесува околу 20.000 динари по ноќ.

Слични објави

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Фото) Хрватска доби неочекуван репрезентативец, Тони Цетински ќе настапи на Светско првенство во Јапонија

Еспресо

Поранешното момче на Емина Јаховиќ „полуде“ по Јелена Карлеуша: Турскиот милионер сака на секој начин да биде со пејачката

Еспресо

Како Борис Дворник ја измамил сопругата за да се заљуби во него

Еспресо

Ана Радуловиќ се разболела по разводот, има неколку дијагнози: „Пијам лекови наутро и навечер“

Еспресо

(Видео) „Можеби оваа тага ќе престане“: Пејачката објави емотивно видео од Зорица Брунцлик, се моли за нејзиното здравје

Еспресо
Се вчитува....