12.8 C
Скопје
14:37 - 24 март, 2026

Дечкото на Јована Јеремиќ имал афера со Тања Савиќ? Се запознале на роденден!

Водителката од телевизијата Пинк, Јована Јеремиќ, неодамна беше гостинка во едно телевизиско шоу каде, меѓу другото, зборуваше за својата врска со бизнисменот Драган Станковиќ и даде изјава која ја привлече вниманието на јавноста.

Имено, кога ѝ беше поставено прашање за сегашниот однос со Драган и дали нивната врска ќе опстане до крајот на годината, Јована одговори потврдно, што дополнително ја зголеми љубопитноста на публиката.

И додека сега сите погледи се вперени во Јована и Драган, треба да се потсетиме дека порано во фокусот била наводната афера на Драган Станковиќ, за која многу се зборуваше и пишуваше.

Како што претходно пренесоа домашните медиуми, Драган наводно бил во тајна врска со пејачката Тања Савиќ, и тоа пред пандемијата на коронавирусот.

Според списанието „Хелоу“, тие се запознале на прославата за полнолетството на неговиот син, која Драган ја организирал, а на која настапувала Савиќ. Врската не опстанала и на крајот се разделиле.

„Да, одговорот е да. Не реков дека е крај на врската. Јас сум во врска со Драган, тој е најдобриот човек на светот кон мене. Сакам да имам уште едно дете, сакам да се омажам и сакам со Драган да го имам тоа дете. Не живееме заедно, моето дете оди во училиште преку пат од мојата зграда, а Драган е во Гроцка, но тоа не ни пречи“, изјави Јована, и продолжи:

„Сѐ оставив сама, иако верував дека мојот маж ќе ми ги оствари соништата. Знаев дека ќе работам на телевизија, а оваа година сфатив дека човекот на мојот живот сум јас. Тоа го сфатив оваа година, кога дознав за тешката борба на мојот татко. Тој ми рече дека сѐ што имам – сама сум го постигнала, дека никој не ми го дал, дека сум свој шеф“.

Слични објави

„Докторите ми ветуваа брза смрт“ – Ведрана Рудан за борбата со ракот: Две години умирам, а ништо не се случува

Еспресо

(Фото) Благоја Грујовски запеа за мајката на Гавазова со посебен повод

msp-admin

„Нe сум родена да живеам сама“ – ексклузивна исповед на Ана Бекута

E.A.

(Видео) Елена Велевска проговори за децата: Секогаш навивам за син ми

msp-admin

„Ти Станија не треба да бидеш пример на девојчињата“ – Понижувањето кое старлетата го доживеа во емисијата на Сања Маринковиќ и денес се прераскажува

E.A.

Миро Кацаров во прегратка на двете деца, посебна слика на водителот со Тадеј и Миа

msp-admin
Се вчитува....