5.8 C
Скопје
07:00 - 1 април, 2026

(Фото) Далеку од жештината и метежот: Каролина Гочева со сопругот Михаил ужива на планина во Италија

Македонската пејачка Каролина Гочева редовно споделува видеа и фотографии од нејзините патувања со своите следбеници на социјалните медиуми. Нашата поп-дива максимално ги искористи топлите летни денови за да ужива на прекрасни дестинации.

По периодот исполнет со настапи во живо во ноќните клубови ширум државата, Каролина одлучи со својот сопруг Михаил Корубин да се тргне од жештината и скопскиот метеж и да ги искористи слободните летни денови во Италија.

Пејачката сподели видео на социјалните мрежи и се пофали дека овој јули го поминува релаксирајќи се на Доломитите во Италија.

Во видеото таа покажа дека времето го поминува во пливање и спа и долги прошетки со сопругот низ живописната природа. Покрај тоа, заљубениот пар се посветил и на рекреативниот живот, посетувајќи теретана и возејќи се со велосипеди.

„Јули“, кратко напиша Каролина покрај видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....