-2.2 C
Скопје
06:59 - 23 декември, 2024

Кралот Чарлс се согласил на нешто што Елизабета Втора постојано го одбивала: Дали конечно ќе се реши мистеријата за убиство стара 539 години?

Озлогласената мистерија за убиство од пред 539 години, познато како „Принцовите во кулата“, наскоро би можела конечно да биде решена.

Иако тоа се случило многу одамна, Британците од оваа приказна направија едно од нивните најпознати народни преданија, а сега внимание ѝ посвети и новиот крал.

Имено, Чарлс Трети наводно го поддржува предлогот да се направи ДНК анализа за да се утврди дали станува збор за негови далечни предци.

Кралицата одбивала да даде дозвола за тестирање на пронајдените остатоци, но новиот монарх, кој е љубител на археологијата бидејќи тоа го студирал во Кембриџ, наводно ја поддржува истрагата за коските за кои се верува дека им припаѓаат на принцовите Едвард и Ричард.

Приказната вели дека Едвард, кој требало да стане крал по смртта на неговиот татко, и неговиот помлад брат биле затворени во Лондонската кула во 1483 година од страна на нивниот вујко кој ја сакал круната за себе.

Двајцата браќа кои Ричард, тогашниот војвода од Глостер, ги прогласил за нелегитимни наследници додека биле во затвор, никогаш повеќе не биле видени живи, а легендата вели дека биле убиени на барање на самиот Ричард.

Теоријата која ја напиша Вилијам Шекспир во неговата драма Ричард Трети стана општоприфатена, иако некои историчари сугерираат дека приказната е само дел од пропагандата на Тудор што се ширела по неговата смрт за да се оцрни неговото наследство. Но, без конкретни докази или извештаи од ДНК анализа, исчезнувањето на браќата останува мистерија.

Со години експертите и љубителите на историјата сакале да направат тестови на останките на четири деца, две пронајдени во Лондонската кула во 1600-тите и две во замокот Виндзор во 1700-тите, за кои некои сметаат дека би можеле да бидат принцови.

Бидејќи телата сега се закопани во кралските крипти, на експертите им е потребна дозвола од монархот за да ги направат тестовите. Според Трејси Борман, главен кустос на Здружението на историски кралски палати, кое управува со некои од ненаселените кралски палати, покојната кралица не дозволувала никакви истраги. Сепак, Чарлс има многу поинаков став и наводно поддржува ДНК тестирање, вели Борман.

„Тој рече дека би сакал истрагата да продолжи за да можеме еднаш засекогаш да утврдиме како умреле младите членови на кралското семејство“, рече таа.

Патем, Шекспир во неговата драма „Ричард Трети“ тврди дека семоќниот регент, војводата од Глостер ги убил принцовите во Лондонската кула.

Братот на Рикард Трети, Едвард Четврти, ненадејно починал во 1483 година, оставајќи го Ричард како лорд заштитник задолжен за неговите внуци, Едвард Петти и Ричард од Шрусбери, војводите од Јорк.

Децата имале 12 и девет години кога нивниот вујко ги ставил во притвор во 1483 година и набрзо потоа исчезнале. Додека биле во кулата, витезите и господарите на кралството барале Ричард да го преземе тронот, и тој го направил тоа во 1484 година.

Својот мрачен крај славно го дочекал во битката кај Босворт Филд, а потоа на престолот дошол Хенри Седми. Телото на Рикард било однесено во Лестер и погребано без церемонија, но во 2012 година било пронајдено при ископување на земјиште наменето за паркинг.

Фотографиите од останките и форензичките докази ги сподели Дејли Мејл.

Токму откривањето на телото на Ричард Трети повторно предизвика интерес за приказната за принцовите во кулата.

Сепак, англиската црква, поддржана од кралицата и министрите, постојано одбивала да дозволи форензичко тестирање за да се утврди дали коските на принцовите биле закопани во Вестминстерската опатија.

Минатата година, истражувачите тврдеа дека нашле докази дека Ричард Трети можеби не ги убил принцовите, туку му дозволил на постариот Едвард да живее во тајност под лажно име во некое село во Девон.

Оваа приказна сигурно ќе има интересно продолжение, а нејзиниот расплет со нетрпение го очекуваат многу британски историчари и истражувачи кои со години се интересираат за овој случај.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....