Холивудската легенда Брус Вилис е исфрлен од маркет во Лос Анџелес откако тој одбил да носи заштитна маска.
Луѓето во маркетот реагирале зошто актерот не носел маска и се инаетел на нивните барања не сакајќи да ги послуша, иако околу вратот имал марама која лесно можел да ја стави преку лицето и да ја користи како маска, пишува пораталот „Page Six“.
Вилис на крајот го напуштил маркетот не купувајќи ништо. Лос Анџелес е епицентар на коронавирусот во Калифорнија, во овој град досега се забележани повеќе од 10.000 смртни случаи поврзани со коронавирусот.

Популарниот актер поголем дел од своето време во пандемијата го поминуваше со поранешната сопруга Деми Мур и нивните деца. Подоцна им се придружи и сегашната сопруга на Вилис, Ема Хеминг и нивните ќерки.