00:39 - 8 април, 2026

Бела Торн застана во одбрана на својот колега: Нема шанси тој да е канибал

Instagram

Актерката Бела Торн застана во одбрана на својот колега Арми Хамер, кој периодов се соочува со обвиненија за бизарни сексуални фантазии и канибализам.

Имено, Бела на својот инстаграм-профил сподели фотографија од него покрај која напиша дека станува збор за ширење лажни информации.

Искрено, не можам да верувам во ова… Луѓето се луди и го лажираат ова. Жал ми е за него и неговите деца… Оставете ги него и неговото семејство на мир. Нема шанси тој да е е*ен канибал“, напиша 23-годишната актерка, која воедно истакна дека на Интернет кружат милиони „принтскрин“ слики од екран.

Instagram
Instagram

Поранешната девојка на актерот, Кортни Вуцековиќ, неодамна откри дека додека била во врска со актерот, тој ѝ рекол дека сака да ја „испече“ и „изеде“.

Хамер своите „груби“ сексуални преференции ги објави во интерјву за „Плејбој“ во 2013 година.

Ми се допаѓа гребање по вратот и косата и сето тоа. Но, тогаш влегувате во брак и вашите сексуални апетити се менуваат. Мислам, не можете да ја влечете вашата сопруга за коса“, изјави тој, но подоцна тврдеше дека бил пијан за време на интервјуто и дека не се сеќава на ништо.

Instagram
Instagram

Хамер поради сегашниот скандал го паузираше и снимањето на филмот со Џенифер Лопез и се повлече од јавноста.

Во очи на злобните и лажни напади врз мене, не можам со мирна совест сега да ги оставам моите деца на четири месеци за да снимам филм во Доминиканска Република. Лајонсгејт ме поддржува во ова и навистина сум им благодарен“, изјави актерот за „Пејџ Сикс“.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....