12:24 - 14 ноември, 2026

(Фото) Српски таблоид ја „погреба“ Биља Крстиќ, таа потресена се огласи: „Жива сум, срам да ви е!“

Српската музичарка Биља Крстиќ остро го осуди манипулативниот наслов во српскиот таблоид „Ало“ кој сугерира дека таа починала.

Откако таблоидот „Ало“ утрово објави статија со наслов „Ангелскиот глас замолкна: Биља Крстиќ се збогува, почина по тежок мозочен удар“, познатата српска музичарка Биља Крстиќ реагираше на својот фејсбук-профил, остро осудувајќи го овој вид манипулација.

– Најпрво веднаш да ги смирам сите мои – семејство, фамилија и пријатели… кои утрово се вознемирија — жива сум, добро сум и ништо не ми се случи – напиша познатата етно пејачка Крстиќ и додаде: „„Ало“, срам да ви е!!!“

Имено, споменатиот портал објави статија за смртта на бугарската музичарка Јанка Рупкиња, која почина во април оваа година. Тогаш и Биља Крстиќ ѝ посвети објава на своите социјални мрежи.

Сега Крстиќ објасни дека еден „крајно неодговорен таблоид“ повторно објавил стар текст за нејзиното збогување со Јанка Рупкиња во април.

„Но, насловот е направен така што изгледа како збогувањето да се однесува на мене. Ве молам, не грижете се, добро сум, а за оваа срамот треба да се срамат оние што ја направија – порачар Биља Крстиќ.

Инаку, Биља е сестра на Бора Ѓорѓевиќ од „Рибља чорба“, кој почина на 71 година во септември 2024 година.

Слични објави

(Видео) Маја Шупут покажа како вежба за да ја одржи витката фигура, па се пошегува: „Кога овие 15 кг би ми паднале на глава…“

Еспресо

Јована Јеремиќ ја покажа дипломата од факултетот, тврди дека зборува пет јазици: „Сакам да ги нервирам квази интелектуалците“

Еспресо

Гоца Тржан ги насмеа сите: Проговори за Раша и својата висина од „метар и ќебап“

Е.А.

Дневен хороскоп за 15 ноември: Искористете го денот за релаксација

Е.А.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо
Се вчитува....