Српската пејачка Марија Шерифовиќ веќе некое време ужива на Бали, од каде што редовно се огласува на социјалните мрежи. Сега ѝ се придружија нејзиниот син Марио и мајката Верица Шерифовиќ, што особено ја израдувало.
Имено, Верица сама со внукот тргнала на далекиот пат, а редовно ја информирале Марија, па пејачката објавила фотографија на Инстаграм која била снимена во авионот, покрај која напишала:
– Бабата и внукот се подготвени за новата епизода и тоа најубавата.

Потоа, Марија споделила неодолива фотографија со својот син кога пристигнал на Бали, држејќи го во скут и бакнувајќи го во главата:
– Радоста ми пристигна – напишала Марија.
Имено, Марија објавила видео на Инстаграм и открила дека наскоро ќе има добри вести за своите обожаватели.
– Добро утро, како сте ми? Или одите на спиење или сте заспале. Само сакам да ви се јавам. Кај мене сè е во ред, животот е убав. Пишете ми, не грижете се, ќе дојдам во Белград навреме за сите обврски што ги имам. Размислував никогаш да не се вратам, но затоа-потоа. Малку го пролонгирав тоа. Во понеделник имам една убава вест за вас – рече Марија во видеото.
