1.8 C
Скопје
05:18 - 23 февруари, 2025

Аца Лукас се степа со новата девојка во хотел во Будва, таа раскажа сè

Бринетата подоцна се предомислила и одлучила да поднесе пријава против Лукас.

На вториот ден на Божиќ, поточно околу 4.30 часот, Аца Лукас направил скандал во Црна Гора кога се степал со својата девојка, извесна Николија Нина Лачевиќ, која е со потекло од Подгорица.

Лукас и атрактивната бринета прво жестоко се скарале, а потоа дошло и до физичка пресметка во познат хотел во Будва.

Аца и Нина се гледаат од јануари минатата година исклучиво во Црна Гора, бидејќи на Нина ѝ е забранет влез во Србија. Овој инцидент се случил по неговиот настап. Деталите од вечерта за српски Телеграф ги раскажала лично Нина.

– Не ми е пријатно да зборувам за тоа, но бидејќи Лукас се однесуваше нечовечки кон мене, ќе објаснам за што се работи. Тој допатува кај мене на почетокот на неделата и заедно бевме на неговиот настап во Никшиќ. Другиот ден отидовме во Будва, каде што исто така имаше тезга. Сè беше во најдобар ред до моментот кога требаше да тргне на настап. Не му се работеше, па му реков: „Ајде, не можам јас да пејам наместо тебе.“. Беше нервозен зашто го болеше желудникот, а јас бев малку нервозна зашто не сакав да одам, но ете тргнавме и тој почна да пее. Во паузите ми приговараше дека сум премногу сериозна и дека не гледам во него додека настапува – раскажала Нина и додала дека кавгата меѓу нив почнала по настапот на Лукас.

– Во бекстејџот ми рече: „Сериозно ми го расипа настапот.“. „Ако си навикнал сите девојки да трчаат по тебе, да ти паѓаат под нозе, да те молат, јас не сум таква.“, му реков.
Кога стигнавме во хотелот ми рече дека поради вакви работи се карал со сопругата и дека не треба да се повторува историјата. Го потсетив дека тој ми се јави мене. Почна да вика, а јас го предупредив да го намали тонот. Тогаш ме турна и паднав. Продолживме да се караме и да се удираме. Нему многу му се слоши, се исплашив и му дадов газиран сок да се напие. Дојде полиција, а јас во станицата реков дека само се скаравме зашто ми беше жал за него. Ме молеше да не го обвинувам зашто веќе имал проблеми со насилство. Не сакав да останам со него, па се вратив во Подгорица. По патот повраќав, па отидов директно во болница и направив лекарски прегледи – изјавила Нина за српски Телеграф.

Бринетата подоцна се предомислила и одлучила да поднесе пријава против Лукас.

Слични објави

Продала носени гаќички за 10.000 долари: Тамара Бојаниќ откри какви барања добива на платформата за возрасни

Еспресо

Драгана Мирковиќ во друштво на еден од најмоќните луѓе: Дали луксузниот одмор во Дубаи крие и нов бизнис?

Еспресо

(Видео) Поранешната на Харис Џиновиќ „уловена“ во Монако: Мелина излегла од луксузен хотел, па ја пречекале со бесен автомобил бентли

Еспресо

(Фото) Сергеј Трифуновиќ приклучен на инфузија: Сопругата Исидора објави фотографија, цело време е покрај него

Еспресо

Хороскоп за 22 февруари: Стрелците ќе бидат повредени во љубовта, Девиците ќе решат семеен проблем

Еспресо

Славење во домот на Анабела „Фанки џи“: Луна Ѓогани му се обрати на својот очув со емотивни зборови

Еспресо
Се вчитува....