12:29 - 3 април, 2026

Андријана Јаневска е горда професорка: Дина Јашари и Рената Кралевска дипломираа на ФМУ!

Македонската музичка уметница и професорка на Факултетот за музичка уметност во Скопје, Андријана Јаневска, со гордост објави фотографија со своите студентки Дина Јашари и Рената Кралевска, кои дипломираа на факултетот.

„Горда на моите студентки Дина Јашари и Рената Кралевска кои денес дипломираа на ФМУ Скопје“, напиша Јаневска.

Дина Јашари и Рената Кралевскаа / Фото: Приватна архива

Да потсетиме, Дина Јашари е добитничка на престижната награда „Милан Младеновиќ“ и едно од највлијателните имиња на алтернативната сцена. Јашари еодамна го промовираше нејзиниот дебитантски албум „Растенија без корен“, кој помина одлично кај нејзината слушачка публика и еден од најслушаните албуми меѓу македонските артисти на музичката платформа Спотифај.

Рената Кралевска, пак, е позната по успешните настапи на македонските фестивали како што е „Макфест“ и соработка со домашни и странски продукции. Таа стана првата балканска пејачка со официјален „ВЕВО“ канал на Јутјуб, а нејзините песни се емитувани на илјадници радиостаници ширум светот. Во 2022 година, настапи како придружен вокал на македонската преставничка Андреа Коевска на Евровизија.

„Студиите на Факултетот за музичка уметност за мене беа вистински поттик за растење на сопствениот глас и потенцијал. Дипломирав соло пеење на катедрата за џез и популарни жанрови под менторство на Андријана Јаневска, со чија поддршка и знање овие четири години стекнав исклучително богато и инспиративно искуство. На часовите по ансамбл, многу често бевме вокален тандем со Дина кога изведувавме џез стандарди, фасцинирани од комплексноста на композициите кои ни беа предизвик на секој час да го дадеме најдоброто од себе, па тоа ми се едни од најубавите сеќавања. Катедрата за џез и популарни жанрови, според мене, е едно од највредните нешта што му се случиле на Факултетот создавајќи нови можности за креативен израз, кои ќе ги преточам во моите идни музички проекти“, изјави Кралевска за „Слободен печат“.

 

Слични објави

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо
Се вчитува....