Водителката Ана Радуловиќ отворено зборуваше за сериозните здравствени проблеми со кои се соочила минатата година, истакнувајќи дека силниот стрес по разводот оставил големи последици врз нејзиното здравје. Таа беше во брак 11 години со пејачот Мирче Радуловиќ.
Ана призна дека состојбата ѝ била значително нарушена и дека токму стресот бил главниот причинител. Денес, како што вели, конечно се чувствува подобро.
Таа откри дека се соочувала со повеќе дијагнози – проблеми со тироидната жлезда, надбубрежната жлезда, покачен кортизол, нарушено ниво на инсулин и инсулинска резистенција. При еден преглед, докторката дури се изненадила од резултатите и на шега ја прашала дали има нешто што ѝ е во ред.
По ова искуство, Ана решила сериозно да се посвети на своето здравје. Освен терапијата, морала целосно да ги промени животните навики – да внимава на исхраната, да има редовни оброци и да воведе подобар режим на спиење, што, како што вели, ѝ било особено тешко поради природата на нејзината работа. Таа и понатаму зема терапија – наутро за тироидата, а навечер за регулирање на инсулинот.
Во истото гостување се осврна и на разводот, кој за неа бил емотивно многу тежок, особено поради детето и промените во семејството. Сепак, со поранешниот сопруг успеале да останат во добри односи.
Денес гледа поинаку на тој период и вели дека сфатила колку е важно да не се дозволи стресот да го наруши здравјето, бидејќи последиците можат да бидат сериозни.
