11:13 - 31 март, 2026

Амбер Херд во нови маки: Осигурителната компанија одбива да ѝ исплати 1 милион долари, глумицата (пак) тоне во долгови

Американската актерка Амбер Херд се соочува со нова правна битка откако нејзината осигурителна компанија одби да ѝ исплати до 1 милион долари осигурување за да ги покрие трошоците за судењето против поранешниот сопруг актерот Џони Деп.

Осигурителната компанија New York Marine and General Insurance Co. во петокот поднела тужба против актерката пред федералниот суд, велејќи дека не мора ништо да ѝ исплати бидејќи нејзиниот пораз на судот во постапка која ја водел нејзиниот поранешен сопруг против неа, бил резултат на нејзините постапки.

Во 2019 година, Деп побара отштета од 50 милиони долари од неговата поранешна сопруга поради нејзиниот едиторијал објавен во Вашингтон пост во декември 2018 година, во кој таа се опиша себеси како јавна личност, жртва на семејно насилство.

Иако во текстот не го именуваше Деп, ѕвездата од „Пиратите од Карибите“ на суд тврдеше дека е јасно дека тој е предмет на коментарот.

Минатиот месец, на Деп му беа доделени повеќе од 10 милиони долари отштета за клевета по шестнеделното судење.

Осигурителната компанија тврди дека е должно да исплати осигурување по полиса освен ако осигураникот сам не ја предизвикал штетата, како што е случајот со Херд, повикувајќи се на калифорнискиот закон според кој осигурителната компанија „не е одговорна за загубите кои се псоледица на свесен чин на осигуреникот“.

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо
Се вчитува....