18:30 - 6 април, 2026

(Фото) Александра Пријовиќ со семејството уживаше во Дизниленд и го покажа трудничкиот стомак

Александра Пријовиќ ги објави првите фотографии на кои јасно се гледа нејзиниот труднички стомак, додека со семејството уживаше во посета на Дизниленд.

По успешната турнеја, пејачката се повлече во Мајами, каде, според шпекулациите, ќе ја помине бременоста. На својот Инстаграм-профил објави фотографии од семеен излет во Дизниленд, каде што беше заедно со сопругот Филип Живојиновиќ и синот Александар.

Следбениците беа особено трогнати од првата фотографија, на која нејзиниот син го бакнува нејзиниот труднички стомак, додека Александра носи препознатливи уши од Мики Маус. Познато е дека пејачката очекува ќерка, која треба да се роди ова лето.

Фото: Инстаграм

Откако дознала дека е бремена, Александра најави пауза во кариерата. Претходно истакна дека сака да го прошири семејството, а нејзина голема желба е да има ќерка. „Најважно ми е моето семејство секогаш да биде добро. Би сакала, ако не следната година, бидејќи сега многу работиме, да добијам ќерка“, изјави Александра во едно интервју.

Слични објави

(Фото) Иста како мама: Ретка слика на Кате од „Соната“ со ќерката Ана

msp-admin

Кеба се расплака среде емисија, Ѓорѓе Давид го тешеше: „Ме скрши на парчиња“

Еспресо

Луксуз од полно дрво без луксузен трошок – Одберете си масивна дрвена маса по цена што е реална и достапна

Еспресо

(Видео) Сандра Африка без шминка и разбушавена: Пејачката во непрепознатливо издание ги насмеа фановите

Еспресо

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо

(Фото) Свршеникот на Јована Јеремиќ отиде на Света Гора – Тигар го посети манастирот Хиландар

Еспресо
Се вчитува....