7.8 C
Скопје
09:24 - 7 март, 2026

Аца Лукас ја нападна Лепа Брена: „Таа е најголемиот фолирант на естрадата, скоро никого не го сака“

Пејачот Аца Лукас повторно ја разбранува регионалната јавност со остра изјава за својата поранешна колешка и пријателка Лепа Брена.

Во интервју за српскиот „Курир“, музичката ѕвезда проговори за нивниот прекин на пријателството и изнесе сериозни обвинувања на нејзина сметка.

Лукас откри дека со години не ја видел Брена, но дека би сакал лично да ѝ ги каже, како што рече, „сите работи што ги мисли“ при нивната следна средба.

„Брена е најголемиот фолирант на естрадата затоа што сè што ќе каже – поинаку мисли. Ако некому му рече дека го сака, знај дека не е така. Ретко кого навистина сака. Кога ќе види некој да е посреќен или му е поубаво од неа, таа личност ја мрази и гледа да ја сопне,“ изјави Лукас.

Тој додава дека одреден период биле блиски и дека дури и се дружеле, но дека тоа пријателство завршило откако дознал што Брена, наводно, зборувала за него.

„Кога слушнав што мисли за мене и што зборува во мојата куќа, ми беше јасно дека не треба да ѝ се обратам никогаш повеќе. И не ѝ се обратив. А ни таа не смее. Ги избегнува нашите средби, затоа што знае дека првиот пат кога ќе ја сретнам – ќе ѝ кажам многу нешта,“ истакна пејачот.

Лукас тврди дека последната година од неговиот ангажман во „Гранд“ Брена избегнувала да се појави на снимањата токму поради неговото присуство, иако претходно редовно учествувала во емисиите.

Слични објави

Снежана Савиќ, мајка со големо срце: „Бев фатална само за себе“

Еспресо

„Девојката со крилата“ објави дека го изгубила бебето: „Никому не би му посакала да го изоди истиот пат“

E.A.

„Се сакаме, ми готви секој ден“: Тигар првпат јавно проговори за врската со Јована Јеремиќ

apostolova

Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак

Еспресо

„Почнаа контракции поради стресот, имаме финансиски проблем“: Српски пејач со бремената сопруга сè уште се заглавени на Тајланд поради конфликтот на Блискиот исток

Еспресо

Свршеницата на Лука Дончиќ ги избриша фотографиите со кошаркарот, фановите збунети – „Дали е готово?“

E.A.
Се вчитува....