18:23 - 2 април, 2026

Жените открија која е идеалната големина на пенисот: Одговорот може да ве изненади!

Која е идеалната големина на пенисот? Ова прашање сигурно интригира многу мажи и жени, но вистински одговор всушност нема.

Сексот може да биде добар без разлика на големината на органот бидејќи она што навистина е важно во целата приказна се техниката и искуството. Но, еден тим од истражувачи сепак се обиде да открие која големина на пенис најмногу им одговара на жените, а резултатите од нивното истражување може да ве изненадат.

Имено, изгледа дека многу големо не значи секогаш и најдобро, пишува порталот Marie Claire.

Студијата покажала дека повеќето жени најмногу преферираат пениси со просечна големина. На 75 испитаници им била дадена задача да ракуваат со 33 вештачки пениси со различни големини и форми создадени со 3Д печатач и да ги категоризираат според нивните преференции.

Забележани се и разлики во големината на пенисите што жените ги преферираат во зависност од тоа дали се работи за маж со кој биле во долга врска или за една ноќ.

Идеалниот пенис за долга врска е со должина од 16 сантиметри, додека оној за една ноќ би требало да е малку подолг, поточно 16.2 сантиметри.

Резултатите откриваат дека должината не е толку важна за жените колку што е обемот, како што изјави д-р Никол Праус која го водела истражувањето.

Логично е жените да претпочитаат пениси со поголем обем затоа што тие имаат подобар ефект врз стимулацијата на клиторисот“, рече Праус.

„Со други зборови, жените може да претпочитаат различни големини од различни причини во различни периоди, така што големи се шансите секој маж да е идеален за некоја од врските што ги бараат“, заклучи таа.

Слични објави

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо
Се вчитува....