5.8 C
Скопје
05:38 - 1 април, 2026

ЗА СРЕЌНА И БОГАТА ГОДИНА: Каде да ја поставите новогодишната елка и како да ја украсите според фенг шуи

Според фенг шуи, новогодишната елка, која инаку симболизира долговечност, треба да се постави во горниот лев агол на дневната соба.

Поставувањето на новогодишната елка на горниот лев агол од дневната соба, според фенг шуи филозофијата, ќе привлече богатство и просперитет во домот.

Доколку не може да се постави елката токму на тоа место, добра алтернатива е десниот горен агол, но и на централниот дел на домот што би значело дека ќе ја стабилира енергијата. Поволни се сите агли од дневната соба.

Според Фенг-шуи треба да се внимава и на лампионите и украсите.

Ако украсувате на север (или ако елката е поставена на северната страна) декорациите треба да бидат во сина, сребрена, златна или бела боја.

Украсите на северозападната и западната страна треба да бидат во златна и жолта боја, но никако во црвени тонови. Доколку пак, украсувате на југозападната и јужната страна од домот поволни се црвените и жолти бои, а белата и сребрената боја не се препорачуваат.

Елката не треба да се стави во близина на ниедна врата во домот, особено не покрај главната влезна врата, бидејќи според Фенг-шуи, на тој начин се блокира „чи“ енергијата.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....