3.8 C
Скопје
06:15 - 17 март, 2026

(Видео) 18-годишната Дијана го маѓепса светот со својот исклучителен глас, а нејзината животна приказна е неверојатна

Дијана Анкудинова, 18-годишната пејачка од Русија, го остави светот без здив со својот нереален глас. Таа денес е успешна уметница, а нејзината животна приказна е неверојатна.

Родена е на 31 мај 2003 година на крајниот исток на крајбрежната територија на Русија во област северно од градот Владивосток. Нејзината биолошка мајка физички ја малтретирала.

На тригодишна возраст Дијана во зима била оставена на автобуската станица со скршена клучна коска. Нејзината тетка ја спасила, но не можела да се грижи за трауматизираното дете. Тетка ѝ дала изјава за злоупотребувањето на Дијана од страна на нејзината мајка и било договорено младата Дијана да се прати во сиропиталиште во Приморска.

Децата од сиропиталиштето повремено биле испраќани во санаториум во Арсењев за да им помогнат да го вратат и да го одржат своето физичко и ментално здравје. Масерката Ирина Поник, која работела во санаториумот, развила посебна наклонетост кон Дијана. Ќерката на Ирина, која понекогаш ја посетувала мајка си на работа, прва инсистирала нејзината мајка да ја посвои Дијана.

Ирина Поник во 2008 година ја доставила потребната документација за преземање на формално правното старателство на Дијана.

Новото семејство на Дијана се преселило во Тољати поради стравот дека нејзината биолошка мајка би можела да се обиде да ја пронајде Дијана или дури да се обиде да го врати старателството над девојчето. Овие стравови биле толку интензивни што значително влијаеле на менталното здравје на младата Дијана.

На четири и пол години, говорот на Дијана бил исклучително слаб, пелтечела и имала други проблеми. Логопедите ѝ препорачале да оди на часови по пеење за да се подобрат нејзините општи говорни и вокални вештини. Така Дијана брзо открила дека сака да пее.

Музичката кариера на 18-годишната Дијана е импресивна, а светот доби прилика да го слушне нејзиниот исклучителен глас на натпревар кога имала само 14 години.

Слушнете некои од нејзините изведби кои воодушевија милиони луѓе:

 

https://www.youtube.com/watch?v=CiXVoa9LIHw

https://www.youtube.com/watch?v=p61iaXeBy4I

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....