-4.2 C
Скопје
02:22 - 23 декември, 2024

(Фото) Трикатна палата, личен ранч и син од милионер: Како живее денес Русинката Марија Шарапова, поранешната „рекет број 1“ во светот

Од поранешна тенисерка до претприемачка, Марија Шарапова две години по пензионирањето продолжува да тренира секој ден. Дома, во парк, на плажа, со истата експлозивна сила и енергија што ја имаше на теренот, а во останатиот дел од денот „продава“ карамели и ужива во друштво на шестмесечниот Теодор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Sharapova (@mariasharapova)

Руската тенисерка Марија Шарапова пред неколку години се повлече од спортот, но нејзиното име сè уште често се споменува во медиумите. Спортистката и понатаму присуствува на важни социјални настани, но и ужива во мајчинството. Шарапова, како тенисерка, заработи сериозно богатство. Таа е една од најплатените спортистки во светот повеќе од една деценија благодарение на големите рекламни договори. Русинката во различни периоди соработуваше со големите спортски марки како „Најк“, „Хед“, „Супергруп“, но и со „Евиан“, „Порше“, „Самсунг“, „Колгејт“, „Палмолајв“, „Таг Хауер“ и „Авон“. Според податоците на „Форбс“, дд 2004 до 2015 година Шарапова беше жена која најдобро заработува во спортот во светски рамки. Имено, Марија заработила 325 милиони долари во текот на целата нејзина кариера, од кои 38 милиони долари само во парична награда.Марија има и свој бизнис – кондиторската компанија „Шугарпова“, која на поранешниот прв рекет на светот ѝ носи 12 милиони долари нето профит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Sharapova (@mariasharapova)

Трите куќи од соништата

Првиот имот Шарапова го стекнала кога немала полни 20 години. Во 2004 година, таа купила куќа во Брадентон, Флорида, каде што нејзината мајка живее до ден-денес. Куќата се наоѓа веднаш до Академијата „Ник Болетиери“, каде што беше ангажирана руската тенисерка. Спортистката своевремено платила 300.000 долари за куќата со површина од 600 квадратни метри и со шест спални соби. Во 2020 година, Шарапова си купи уште една грандиозна куќа. Изборот падна на трикатна палата покрај океан, во Лос Анџелес. Тенисерката призна дека целата душа ја внела во таа куќа нарекувајќи ја „куќата од соништата“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Sharapova (@mariasharapova)

Третиот дом на Шарапова е ранчот кој се наоѓа во Санта Барбара во близина на долината Санта Инез. Целиот имот Марија го засадила со различни растенија и дрвја: од бамбуси до лаванда. Самиот ранч се состои од три куќи. Во првата престојува таа (дизајнирана во ориентален стил), додека гостите престојуваат во втората куќа – во француски стил. Чуварот на ранчот пак, домува во третата куќа. Цената на еден ваков ранч се проценува на најмалку 9 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Sharapova (@mariasharapova)

Романса со пријател на принцот Хари

Тенисерката во минатото имаше неколку љубовни романси со личности од висок профил. Познатое е дека се забавуваше со фронтменот на „Марун 5“, Адам Левин, со словенечкиот кошаркар Саша Вујачиќ и со бугарскиот тенисер Григор Димитров. Во 2018 година се дозна дека тенисерката има врска со англискиот бизнисмен Александар Гилкс. Парот долго време ја криеше врската, но папараците најпосле ги „уловија“ љубовниците на аеродром. Нејзиниот избраник потекнува од семејство на аристократи. Мајката на Александар предавала руски јазик на Оксфорд, нејзиниот татко е доктор по медицински науки и работи како дерматолог. Своето образование Александар го стекнал на неколку престижни универзитети, а благодарение на мајка му и студиите на Универзитетот во Бристол, одлично го владее рускиот јазик. На предавањата во Итон пак, се зближил со англиските принцови Вилијам и Хари. Меѓу бројните дипломи на Гилкс се вбројува и престижната од Оксфорд. По студирањето, Александар живеел во Париз, каде работел како главен акционер во престижната модна компанија „Луј Витон“. Подоцна, ја зазеде истата позиција во „Филипс“. Во 2010 година, тој ја лансираше „Падл 8“, онлајн аукциска компанија за уметнички дела. Токму со оваа компанија заработил богатство кое се проценува на неколку десетици милиони фунти.

инстарам

Во очекување на свадба

Гилкс веќе ѝ дал предлог за брак на руската тенисерка, подарувајќи ѝ прстен од половина милион евра. Сепак, парот не ја „одигра“ венчавката. Барем не сè уште. Нивните планови беа нарушени од пандемијата на коронавирус, зашто младенците сакаа да поканат роднини и пријатели од различни земји на прославата. И додека фановите се прашуваа кога ќе се одржи венчавката на ѕвездената двојка, Марија ги израдува со друга вест.

По нејзиниот 35-ти роденден во пролетта 2022 година, тенисерката објави фотографија на која позира со заоблен стомак. „Скапоцен почеток! Јадење роденденска торта за двајца отсекогаш беше моја специјалност“, соопшти Шарапова. Момченцето Теодор се роди на 1 јули годинава. Сега социјалните мрежи на Марија се преполни со фотографии и видеа со нејзиниот син.

Со оглед на тоа што Шарапова живее во Лос Анџелес, односно далеку од нејзината Русија, таа не премолча за случувањата, туку јасно се изјасни дека е против руската инвазија на Украина, но сепак, заобиколувајќи да го изговори зборот „војна“. „Со секој изминат ден, сè повеќе сум со скршено срце и длабоко тажна од сликите и приказните на семејствата и децата погодени од оваа растечка криза во Украина“, напиша тенисерката на социјалните мрежи, која се приклучи на кампањата за помош на раселените деца во украинските градови донирајќи финансиски средства. „Се молам за мир и ја испраќам мојата љубов и поддршка на сите засегнати“, додаде Шарапова.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....