03:32 - 3 април, 2026

Ташната на Елена „вреска“: живот со стил

Сите познаваме по некоја Елена, некој од нас познава и некоја Елена Стефановска, но Елена – Живот со стил, е една.

приватна архива

Токму како и нејзината авторска емисија, токму како и нејзиниот живот кој несебично го споделува на својот Инстаграм профил, таква е и нејзината ташна. Стилска, префинета, елегантна, истовремено, и умерена и впечатлива.

Во својата емисија таа го следи животниот стил на дамите, а овој пат, ние ќе ѕирнеме во нејзината ташна.

Велат дека голем дел од карактерот на жената се открива токму по она кое го носи со себе во аксесоарот без кој ниту една девојка или жена не го напушта домот. Елена не отстапува од себе ниту тука: ни премногу ниту премалку.

Очигледно е дека таа ги почитува Ковид мерките, се грижи за своето здравје и здравјето на останатите, па периодов секогаш носи: маска, антибактериски влажни марамчиња и гел за дезинфекција за раце. Огледалцето, специфично за секоја дама, го употребува за правилно нанесување на сјајот за усни. А бива ли права дама без парфем?

Лето како лето, не ѝ „дозволува“ на Елена да излезе од дома без лабело и очила за сонце, кои се и нејзин препознатлив знак, и секогаш успешно ги комбинира со гардеробата.

Мими Стојановска

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....