6.8 C
Скопје
07:39 - 31 март, 2026

ВИДЕО: Три начини да го наместите креветот да изгледа како од најубавото списание

Unsplash

Ако сè уште работите од дома и барате начин да се чувствувате продуктивно и корисно уште рано наутро, нашиот совет е да започнете со средување на креветот. Оваа мала рутина ќе ви помогне вашата спална соба секогаш да изгледа уредно, а притоа денес и ви откриваме како го наместите креветот во вашата спална соба како професионалец.

Unsplash
Unsplash

Американската дизајнерка на ентериер Шеа МекГи, која заедно со нејзиниот сопруг го основаше студиото за внатрешен дизајн „Студио МекГи“ и неодамна на Нетфликс има емисија „Dream Home Makeover“, во која советува како просторот да се направи функционален и пријатен за око, на Јутуб пред своите фанови редовно споделува трикови и совети за украсување на вашиот дом.

Unsplash
Unsplash

За време на секој проект, Мекиги многу внимава на секој детал, а истото го применува и во својот дом. Како мајка на две деца, таа многу добро знае дека организацијата е клучна за да функционира сè совршено и на работа и дома. Најдобар начин да го одржувате уредниот дом е да исчистите веднаш по себе, а таа рутина започнува со средување на креветот.

Веднаш штом ќе ги отворите очите, обидете се да ги исправите чаршавите и да ја свиткате постелнината. Ова ќе ве мотивира да бидете попродуктивни во текот на денот, и веднаш ќе се чувствувате подобро кога ќе видите како вашата спална соба автоматски изгледа поубаво.

На видеото, дизајнерката предлага три начини да го наместите креветот, што ги применува и при уредувањето на домовите на своите клиенти. Со помош на овие совети, вашиот кревет ќе изгледа како од најубавиот каталог или магазин за модерно домување.

Слични објави

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо
Се вчитува....