2.8 C
Скопје
17:26 - 25 ноември, 2024

Турбулентниот живот на филмската дива: Ја одбила улогата во „Династија“ бидејќи сакала да им се посвети на синовите

Најпознатата „секси сирена“ на златното доба на Холивуд, Софија Лорен, својата кариера ја започнала во 1950 година, кога имала само 16 години.

Детството го поминала со нејзината мајка борејќи се да врзат крај со крај. За време на Втората светска војна Софија заедно со мајка ѝ и баба ѝ отворила кафеана во која ги послужувале американските војници со домашен ликер од вишни, а многу зли јазици зборувале дека освен алкохолот го продавала и своето тело.

Profimedia

По потпишување на договорот за снимање на пет филмови за „Парамоунт“, нејзината интернационална кариера била лансирана. Иако публиката ја обожавала, тоа било припишувано на нејзината сексуалност и на заводливиот изглед што го карактеризирале нејзините раскошни облини, а не на талентот за глума.

По успешните улоги и номинациите за Оскар, Софија станала првата ѕвезда која лансирала сопствена линија на парфеми. Парфемот што го носел нејзиното име, „Софија“ станал интернационален хит, а подоцна глумицата лансирала и линија на очила за сонце.

Денес Софија Лорен се смета за една од 25-те најголеми ѕвезди на Холивуд.

Profimedia

Во 1982 година дошло до голем скандал бидејќи се прочуло дека глумицата завршила на 18 дена во затвор. Наводно Софија во Италија избегнувала редовно да ги плаќа даноците и не ги пријавувала своите приходи и имотот. Сепак, на крај била ослободена поради недостаток на докази, иако сите обвиненија конечно биле отфрлени дури во 2013 година.

Легендарната улога на Алексис Карингтон од „Династија“ првично ѝ била понудена на Софија Лорен, но таа ја одбила бидејќи сакала да им се посвети на своите синови.

Убавата Софија скршила многу машки срца.

Питер Селерс ја оставил својата сопруга поради залуденоста по Софија, а таа на крај сепак го одбила.

Софија имала афера со колегата Кери Грант, кој намерно организирал улогата во филмот “Houseboat” да ѝ припадне токму на Софија. Иако две години уживале во страсната романса, се разделиле огорчени од врската и останале во трајно лоши односи. Наводно Грант сакал да се смири со својата љубовница, но Софија му пратила јасна порака кога се омажила за Карло Понти.

Profimedia

За Понти се омажила во 1957 година, кога тој уште законски не бил разведен. Поради тоа се венчале во Мексико и успеале да прикриваат дека Понти службено имал две сопруги до 1962 година, кога судот ги приморал да го поништат бракот. Тие продолжиле да живеат заедно, а кога Понти конечно се развел, повторно се оженил со заносната Италијанка.

Интересот на јавноста за нејзините разголени фотографии бил голем, а во 1999 година Софија подигнала тужба против 79 страници за филмови за возрасни поради објавување на нејзините фотографии.

Италијанската дива до денес не престанува да ја фасцинира јавноста.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....