8.8 C
Скопје
08:13 - 23 март, 2026

Реставрирал историска слика од Богородица, па ја искасапил до непрепознатливост

Експертите за уметност во Шпанија побараа заострување на законите со кои се регулираат реставраторските трудови, откако копија на познатата слика од барокниот уметник Бартоломе Естебан Мурило стана најновото во низата уметнички дела што се уништени при обид на реставрирање.

Реставраторот на мебел во Валенсија, наводно, на приватен колекционер на уметнички дела му наплатил 1.200 евра за чистење на сликата „Безгрешно зачнување“, но двата неуспешни обиди за враќање на сликата во првобитниот сјај, предизвикале бес меѓу љубителите на уметнички дела.

Оригиналната слика на Богородица потекнува од 60-тите години на 17 век, пишува „Гардијан“.

принтскрин

Конзерваторите сега бараат нови строги закони за да се спречи уништувањето на историските слики.

Фернандо Карера од Галициската школа за зачувување и обновување на културното наследство изјавил за „Гардијан“ дека овие луѓе воопшто не треба да се нарекуваат реставратори.

Случајот многумина ги потсети на приказната за фреската со ликот на Исус Христос, „Еке хомо“, насликана на ѕидот на црква во гратчето Борја во 1930 година од Елијас Гарсија Мартинез, а која 80-годишната мештанка Сесилија Хименес, инаку аматерка-реставраторка, пред осум години одлучила самоиницијативно да ја реставрира. Жената неовластено се обидела да ја реставрира откако видела дека фреската пропаѓа поради влагата. Резултатот е опишан како „најлошата реставрација во историјата на човештвото“.

Слични објави

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо

Со само две состојки ослободете се од непријатниот мирис по готвењето

Еспресо

Што мислите, колку пати луѓето вистински се вљубуваат во текот на животот?

Еспресо

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо
Се вчитува....