6.8 C
Скопје
04:34 - 19 март, 2026

Правила: Како можете да се заштитите на плажа од коронавирусот

Летото пристигна, сите со нетрпение чекаме да одиме на плажа, но никој не планира да го донесе коронавирусот дома.

Во летото можете да уживате без страв сè додека се придржувате на дистанцата и на упатствата на експертите.

Еве неколку упатства дадени од експерти за сигурно лето без страв од инфекција.

Пред да заминете на одмор

Иако е побезбедно да се престојува на отворени простори, ризикот, сепак, постои, вели д-р Вилијам Шафнер, инфектолог од Центарот за контрола и превенција на болести.

Пронајдете плажа или базен што го следат безбедносниот протокол. Погледнете дали има ограничен број луѓе на плажата и дали некој се грижи за безбедноста и за хигиената.

Дојдете подготвени. Столчињата и масите за јавна употреба не мора секогаш да се дезинфицираат, па затоа вие тоа направете го пред да седнете. Носете и маска што ќе ја ставите откако ќе излезете од водата.

Profimedia

Во водата

Дезинфекциските средства што се ставаат во базенот го спречуваат ширењето на вирусот, но не се спомнува колку време е потребно за да стане неактивен.

Не носете ја маската во вода. Едноставно не е практично, а влажната маска може да биде опасна ако ја носите и на плажата.

Дистанца. Запомнете дека луѓето го пренесуваат вирусот, а не водата, затоа не пливајте премногу блиску до луѓето.

Добра хигиена. Не дувајте го носот во базенот. Користете за тоа исклучиво шамивче што ќе го фрлите.

Profimedia

На копно

Експертите се оптимистични и веруваат дека луѓето ќе бидат внимателни и така ќе го избегнат ширењето на заразата. Доктор Томас Фетеке, шеф на одделот за медицина на Универзитетот Темпл, дава упатства како да се однесуваат на копно.

Растојание мора да држите и на копното, а ова се однесува и на местото во ресторанот, на лежалките и крпите.

Ако е преполно со луѓе, поместете се: Сите ја имаат истата идеја кога се горештини, а тоа е да најдат место близу водата. Ако има премногу луѓе таму, пронајдете ново место.

Profimedia

Носете маска: Ставете маска на лицето каде и да се наоѓате.

Физичко растојание: Дистанца мора да држите и на копното, а тоа се однесува и на местото во ресторан, лежалките и крпи. Концесионерот треба да ги раздели лежалките така што да се држи растојание (да се обезбеди лице кое може да ги надгледува пропишаните мерки) и да ги дезинфицира лежалките неколкупати на ден. Задолжително е откако одреден гостин повеќе не ја користи лежалката, а просторите за капење предвидуваат други места за седење, и нив исто така треба да ги распоредат на растојание од 1,5 м.

Profimedia

 

Слични објави

Со само две состојки ослободете се од непријатниот мирис по готвењето

Еспресо

Што мислите, колку пати луѓето вистински се вљубуваат во текот на животот?

Еспресо

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо
Се вчитува....