-0.2 C
Скопје
02:27 - 19 декември, 2024

Пет земји во Европа што немаат свој аеродром: До нив никако не можете да стигнете со авион

Во Европа постојат дури пет земји што немаат аеродроми на својата територија. Станува збор за мали држави, до кои никако не може да се стигне по воздушен пат. Најверојатно во овие земји сѐ уште нема изградено аеродроми, бидејќи тие се мали, па нивните жители или туристите што сакаат да ги посетат, можат да „слетаат“ со авион на некој од аеродромите во нивните соседни земји и со такси, автобус или со изнајмено возило да пристигнат до посакуваната дестинација.

Ватикан

Ватикан е најмалата и, според многумина, најсветата земја во светот, бидејќи таа е дом на папата и центар на католицизмот. Ватикан се протега на површина од 0,44 квадратни километри. Оваа држава нема свој аеродром, бидејќи се наоѓа во рамките на Рим, кој има два меѓународни аеродроми.
Затоа, сите што сакаат да го посетат Ватикан и да ги погледнат тамошните знаменитости, првин треба да слетаат на некој од аеродромите во Рим, а потоа до посакуваната дестинација да стигнат со јавен превоз.

Сан Марино

Сан Марино е уште една земја на чијашто територија нема аеродром, а за разлика од Ватикан, таа не е опкружена ниту со урбанизиран град. Оваа земја е една од најмалите во светот. Таа се наоѓа на Апенинскиот Полуостров во јужниот дел на Европа. Сан Марино е држава без излез на море и е енклава во Италија, односно целосно е опколена со италијанска територија. Вкупната површина на Сан Марино изнесува 61 километар квадратен и има население од приближно 30.000 жители.
Токму овие жители, но и туристите, доколку летаат со авион, мора да се симнат на аеродромот „Федерико Фелини“, што и не е така лошо, бидејќи од границата на Сан Марино е оддалечен само 15 километри.

Монако

Државата Монако, во која сѐ уште нема аеродром, се наоѓа во Западна Европа, на брегот на Средоземното Море и граничи од три страни со Франција. Од Италија, Монако е оддалечен само 16 километри. Монако има население од 33.000 жители. Тоа е име на државата и на единствениот град во државата.

Сепак, многубројни туристи ја посетуваат оваа земја поради тоа што огромен број странци таму имаат свој имот и е позната како Лас Вегас во Европа. Тие мора да се задоволат со слетување со авион на аеродромот во Ница и оттаму со сопствен превоз да стигнат до Монако.

Лихтенштајн

Малата земја Лихтенштајн е алпска држава во Западна Европа, која се граничи со Швајцарија на запад и со Австрија на исток. Во неа живеат 37.000 жители и важи за една од најбогатите земји во светот.

Сепак, за да стигнете до неа, мора најпрвин да слетате до најблискиот аеродром, „Св. Гален-Алтенхеин“, кој се наоѓа во Швајцарија. Оваа земја има најголем БДП по глава на жител и може да се пофали дека е меѓу оние со најнизок јавен долг.

Андора

И во Андора нема аеродром. Оваа мала земја е сместена на источниот дел од Пиринеите, а се граничи на север и на исток со Франција, а на запад и на југ со Шпанија. Земјата има вкупна површина од само 468 километри квадратни. Главниот град е Андора ла Вела, кој е на највисока надморска висина во Европа.

За да стигнете во оваа земја, најпрвин треба да слетате на некој од аеродромите во Шпанија или во Франција, од каде што со автобус или со автомобил ќе патувате најмалку три часа.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....