-2.2 C
Скопје
07:16 - 23 декември, 2024

Нов „мегзит“ во британското семејство: Омилената снаа на кралицата застана на страната на Меган

Британскиот двор никако да доживее долготраен мирен период. По „мегзит“ се случува нов раскол во семејството.

Омилената снаа на кралицата Елизабета Втора, Софи Рајс-Џонс, грофицата од Весекс, во неодамнешното интервју за „Сандеј тајмс“ јавно проговори за случувањата на британскиот двор, отворено поддржувајќи ги Меган Маркл и принцот Хари. Грофицата ѝ даде голема поддршка на Меган, која со принцот Хари и нивниот едногодишен син Арчи се пресели во Лос Анџелес.

На иста страна

Профимедиа

Педесет и петгодишната Софи се осврнала на сличноста со Меган, со оглед на тоа дека двете потекнувале од семејства од средната класа пред да стапат во брак со членовите на кралското семејство, како и на острите критики што и двете на почетокот ги добивале од јавноста и од медиумите.

Софи е сопруга на принцот Едвард, едно од четирите деца на британската кралица Елизабета Втора.

EPA/STRINGER UK AND IRELAND OUT

– Запомнете, јас имав пет години за да се прилагодувам – рече Софи за својата долга врска и за Едвард, споредувајќи ја нивната врска со онаа на Меган и на Хари.

– Во текот на нашата шестмесечна свршувачка, јас дури и престојував во Бакингемската палата и имав доволно време да видам што сѐ ме очекува – додаде грофицата.

Менторка на Меган

Софи ѝ била менторка на Меган додека таа и Хари живееле во Фрогмор котиџ, со векови стара резиденција во склоп на Виндзор, каде што отседнале токму поради поголемата приватност што сакале да ја обезбедат за себе, но и за нивниот син.

Profimedia

– Сите ние се обидуваме да му помогнеме на секој нов член на семејството, па се обидовме да ѝ помогнеме и на Меган да се вклопи што е можно полесно – рекла Софи.

Бидејќи Меган и Хари се фокусираат на градење живот во Америка со нивниот син Арчи, Софи вели дека им посакува сѐ најдобро.

– Само се надевам дека ќе бидат среќни – рече грофицата.

Децата без титули

Грофицата го раздрма кралското семејство и со новата изјава. Софи рече дека нејзините две деца најверојатно нема да ги преземат титулите „нивното кралско височество“ откако ќе наполнат 18 години, како и дека сами ќе се издржуваат, пишува „Дејли мејл“.

EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

– Се обидуваме да ги воспитуваме да сфатат дека веројатно ќе мора да работат за да заработат за живот – рекла Софи за синот и ќерката.

EPA/WILL OLIVER

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....