12.8 C
Скопје
13:53 - 18 декември, 2024

На денешен ден родена е Ава Гарднер: Животот полн со интриги на најфаталната жена од златната доба на Холивуд

Ава Гарднер е синоним за најплодната златна доба на Холивуд, една од најубавите жени во светот на сите времиња и исклучително талентирана актерка која е запамтена како една од 25-те најдобри во 20 век.

Таа е родена на денешен ден во 1922 година во сиромашно американско семејство, не можела ни да претпостави дека пред неа стои успешна филмска кариера, но сето тоа се променило кога нејзините фотографии случајно ги приметила филмската компанија Metro Goldwyn Mayer. Фотографиите ги направил сопругот на нејзината сестра Беатрис и ги поставил во излогот на едно студио на Петата авенија.

Profimedia

Патот кон ѕвезденото небо ѝ бил забрзан

„The Barefoot Contessa“, „The Night of the Iguana“, „Mogambo“ се филмови кои настанале според книжевните дела на Ернест Хемингвеј, а „The Snows of Kilimanjaro“ и „The Sun Also Rises“ ѝ го обезбедија статусот на филмска дива, пристапот до најгламурозните забави, насловни страни на најдобрите магазини, модни дизајнери, скап накит и се што можела да посака.

Првиот ден во Холивуд го запознала својот иден сопруг

Меѓутоа, нејзината слика на филмското платно била потполно поинаква од онаа во приватниот живот.

Уште како девојка, за време на својот прв ден во Холивуд го запознала филмскиот актер Мики Руни, еден од најголемите актери на сите времиња кој првата улога ја остварил во 1927 година, а последната во 2008 година, поради што е запишан во Гинесовата книга на рекорди.

Profimedia

Парот набрзо започнал да излегува на вечери, но Ава не била свесна за неговата популарност. Тој сепак наводно бил маѓепсан од нејзе и на крајот од секој состанок ја молел да се омажи за него. Таа секој пат го одбивала, исто како што одбивала и да има односи со него. Тој пак ја запознавал со холивудски имиња, ја учел на бонтон и наскоро станале нераздвојни. Стапиле во брак, но тој траел само година дена. Верноста не била приоритет во нивната врска, а Ава често се чувствувала запоставена, свесна за тоа дека му била само трофеј. Сепак, се договориле дека во јавноста нема да си го изнесат „валканиот веш“ едни на други.

После разводот потполно се посветила само на кариерата, но љубовниот живот ја однел во рацете на уште еден маж кој не знаел вистински да се приврзе, актерот и џез-музичарот Артиџеј Шоу. Ава станала негова 4-та сопруга од вкупно 8 сопруги. Бракот траел само година дена, а баш како и неговите претходни сопруги, после разводот и Ава го опишала како емоционален злоставувач кој секогаш се сметал за посупериорен од неа. Всушност, бидејќи Ава израснала на фарма, не завршила престижно училиште. Тоа на Шоу му сметало и затоа често и спремал листи со книги кои обавезно мора да ги прочита, тој постојано и го напоменувал недостатокот на диплома и често ја понижувал во јавноста.

Френк Синатра

После пропаднатиот брак судбината повторно ја споила со Френк Синатра, кого го запознала неколку години порано. Токму тој бил нејзината најголема и никогаш непрежалена љубов. Иако се запознале додека двајцата биле се уште во брак, Синатра наводно рекол дека некогаш ќе ја ожени. За него биело глас дека бил огромен женкар кој сопругата ја изневерил безброј пати, но никогаш не ни помислил на тоа да го напушти своето семејство. Се до средбата со Ава. Магијата помеѓу нив била толку силна што неколку месеци после разводот на Синатра, во времето кога Ава била разведена, застанале пред олтарот. Таа секој ден во бракот добивала телеграм во кој тој и велел колку ја сака.

Profimedia

Меѓутоа, иако на почетокот се тоа изгледало како во најубавата бајка, проблемите биле неизбежни. Во бројни интервјуа на нивните семејни пријатели можело да се види дека биле зависни еден од друг, а истовремено премногу слични за бракот да можел да опстане. Всушност, никој од нив не бил верен, а тоа што наводно пресудни биле двата спонтани абортуси на Ава, како и фактот што со текот на годините таа станала поголема ѕвезда. Наводно таа некое време и го издржувала, со што тој тешко се соочувал.

Покрај несекојдневната убавина и талент, приватните проблеми на Ава ја турнале во рацете на алкохолот. Сепак, не ја памтиме по тоа, туку по едни од најдобрите улоги некогаш остварени во Холивуд, професионалното однесување на филмските сетови и способноста да завземе став за себе кога било потребно. Бидејќи, како што и таа самата велела, подобро да се биде сам отколку во лош брак.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....