3.8 C
Скопје
23:24 - 10 март, 2026

Меси се вљубил во Антонела уште кога имал 9 години: Ова е нивната неверојатна љубовна приказна (ФОТО)

Деновиве Лионел Меси е во центар на вниманието поради најавата дека си оди од Барселона, клубот во кој игра од 14-годишна возраст.

Поддршка во сè на славниот фудбалер му дава неговата сопруга Антонела Рокузо, која ја запознал кога имал само 5 години.

Instagram

Меси и Антонела се запознале преку роднината на Антонела, Лукас, кој му бил најдобар пријател на Меси во детството. Иако уште од мал бил срамежлив, Меси признал дека е вљубен во Антонела уште кога имал девет години.

Instagram

Заедно се долги години, а јавноста за нивната врска дозна дури во 2009 година.

Instagram

Антонела во Аргентина студирала стоматологија, но поради Меси ги напуштила студиите и заедно се преселиле во Барселона.

Instagram

Таму Антонела започнала сопствена кариера и станала манекенка, а последниве години поголемиот дел од времето го посветува на нивните три сина и се обидува да се држи настрана од светлата на рефлекторите.

Се венчаа во јуни 2017 година во Росарио, родниот град на Антонела, а на свеченоста присуствуваа само ограничен број гости.

Instagram

Иако се обидува да го сочува приватниот живот подалеку од медиумите, Антонела на Инстаграм ја следат скоро 13 милиони луѓе, а на својот профил таа често објавува фотографии од своето семејство.

Instagram

Иако долго време низ медиумите се пишуваше дека Ла Негра, како што ја нарекуваат Антонела во Аргентина, била само со Меси, по нивната венчавка се појавија гласини дека имала афера со некое момче во Росарио додека Меси бил во Барселона.

Instagram

Клучен момент во љубовната врска на Меси и Антонела се случил во мај 2005 година, кога Антонела поминала низ тежок период. Нејзиниот најдобар пријател починал откако го прегзило момче кое возело пијано. Антонела тогаш имала 17 години и поради тој настан паднала во депресија, престанала да оди во училиште, а тоа го натерало Меси да отиде во Аргентина, да ја утеши и да биде покрај неа.

Instagram

По три години Антонела се преселила во Шпанија да живее со него.

„Барем не ме остави поради било кој, туку поради Меси“, рекло тогаш момчето со кое Антонела дотогаш била во врска.

Instagram

Слични објави

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо
Се вчитува....