4.8 C
Скопје
23:21 - 14 ноември, 2024

Мајка Тереза – скопјанката која беше прогласена за светица: Најди време за игра, тоа е тајната на вечната младост

Родена е на 26 август 1910 година како Гонџа Агнес Бојаџиу во Скопје.

Потекнува од добростоечко семејство во кое владеело правилото да се помогне на секој на коко му е потребна помош.

Се верува дека името Гонџа го избрал нејзиниот татко. Тоа е турско име и значи пупка или цвет од роза. Кога наполнила седум години, тргнала на училиште, прво во црквата „Пресвето Срце Исусово”, а подоцна и во државното училиште. Во Католичката црква во Скопје, каде што била крстена само еден ден по своето раѓање, ја примила и првата причест. Гонџа пеела во хор, играла во црковниот и градскиот театар, танцувала, рецитирала, свирела мандолина, пишувала поезија.

Мајка Тереза во Калкута, 1970 година/Profimedia

На 18-годишна возраст, водена од желбата да стане мисионерка, Гонџа го напушта својот дом и родното Скопје за да се приклучи на сестрите од Лорето, во Даблин, Ирска. Таму го избрала името Тереза по својата патронка Св. Тереза од Лизје. Го научила англискиот јазик, бидејќи сестрите од Лорето го употребувале тој јазик кога предавале во училиштата во Индија. Иако нејзиниот престој во Даблин бил краток, сестрите ја паметат како „многу мала, срамежлива и тивка”.
На 1 декември 1928 година од Ирска тргнала со брод за Индија. За време на едномесечното патување ја напишала песната „Проштевање“ (оригинално напишана на хрватски јазик под наслов „Опроштај”) во која ги изразува своите размислувања и чувства за напуштањето на родното Скопје и семејството и за патувањето во далечната и непозната Индија. Во Калкута, Индија пристигнала на 6 јануари 1929 година, а во мај 1931 година го дала својот прв завет како сестра Тереза. Работела како професорка по географија и по веронаука во училиштето Св. Марија во Калкута.
На 12 април 1948 година, со декрет од папата Пиј XII, добила дозвола да ја започне својата мисија меѓу најсиромашните на улиците во Калкута.

Мајка Тереза во Калкута, 1970/ Profimedia

По неколкугодишната борба со болест на срцето и белите дробови, Мајка Тереза почина на 5 септември 1997 година на 87-годишна возраст. Во знак на благодарност, индиската влада, на 13 септември, организираше погреб со највисоки државни почести.

На 19 октомври 2003 година, Папата Јован Павле II ја прогласи Мајка Тереза за Блажена, а на 4 септември 2016 година, еден ден пред годишнината од нејзината смрт, Папата Фрањо ја прогласи Мајка Тереза за Светица.

Мудрите мисли и зборови на Мајка тереза и денес се присутни, а носат длабоки пораки кои промовираат љубов и несебичност. Нејзините пораки за мир поттикнуваат размислувања да станеме подобри луѓе.

Издвоивме некои од нејзините најубави цитати.

profimedia

– Ако не можеш да нахраниш стотина луѓе, нахрани само еден човек.

– Оние кои ги осудуваат луѓето, немаат време да ги сакаат.

– Некои луѓе влегуваат во твојот живот како благослов, а некои како лекција.

– Не сме сите создадени да правиме големи работи. Но, затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов.

– Осаменоста и чувството дека не си сакан е најголема сиромаштија.

– Не е важно колку работиш, туку е важно колку љубов внесуваш во тоа што го работиш.

– За да го вратиме мирот не ни треба оружје и бомби. Ни треба љубов и сочувство.

– Мирот започнува со насмевка.

– Дочекувајте се едни со други со насмевка, зашто насмевката е почеток на љубовта.

– Пронајдов парадокс. Ако некого сакаш до болка, тоа значи дека болката веќе ќе ја нема, туку само многу љубов.

– Мирот не постои. Тоа е затоа што заборавивме дека припаѓаме едни на други.

– Што може да направиш за да го промовираш мирот во светот? Оди дома и сакај го своето семејство.

– Најди време за игра, тоа е тајната на вечната младост.

– Секој кој ќе ти се приближи, нека си замине од тебе подобар и посреќен.

– Повеќе има глад во светот за љубов и почитување, отколку за леб.

Мајка Тереза во Калкута, 1 јануари 1980/Profimedia

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....