-3.2 C
Скопје
03:31 - 26 ноември, 2024

Како да носите маски на високи температури: Јапонците го имаат одговорот

И додека сите во светот размислуваат за летување, Јапонците размислуваат за летото. Кај нив налето е топло (над 35 степени Целзиусови) и влажно (90 отсто). Во просек, секое лето од срцев удар умираат околу 1.000 луѓе. Јапонија е една од земјите со најстаро население во светот. А, тука е и другиот проблем: дехидрацијата.

Најмалку двајца ученици во Кина минатиот месец починале во текот на часот по физичко додека на лицата носеле заштитни маски.

Носењето маска во лето предизвикува три проблеми, пренесува „Фајненшл тајмс“:

– го запира влегувањето на ладен воздух што ја крева телесната температура особено над вратот;

– го задржува влажниот воздух, па грлото не се суши и лицето не чувствува потреба за течност;

– поради социјалниот притисок да носат маска, луѓето пијат помалку вода.

Поради сето ова, јапонските лекари се загрижени дека носењето маски во вакви климатски услови може да доведе до неколку стотици смртни случаи. Тие им порачале на јапонските претприемачи да се потрудат и да осмислат маски што ќе штитат од вирусот, но истовремено и ќе го ладат лицето и воздухот што се вдишува.

Одговорите пристигнале експресно. Веќе има неколку на пазарот, едната обезбедува доток на топлина до кожата што создава пријатно чувство, а другата компанија продавала маски од фрижидер спакувани како лименки со пијалаци. Сега работат на обезбедување маската да нуди трајно освежување. Една компанија тврди дека набрзо ќе пушти во продажба маска што содржи гел за ладење.

Лекарите, сепак, навеле дека е клучно Јапонците да развијат свест дека смеат да ги симнат маските за да се напијат вода и да не се користат професионални медицински маски со голема густина.

Исто така, лекарите изјавуваат дека е од клучно значење Јапонците да развијат свест дека им е дозволено да ги симнат маските и да пијат вода. И да не се користат професионални медицински маски со голема густина.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....