6.8 C
Скопје
06:53 - 23 март, 2026

Јога на мозокот: Хобито на нашите баби стана хит во светот

Ритмичкото темпо на плетењето ја работи својата работа: за време на оваа интересна работа, човекот се чини дека паѓа во транс. Рацете зафатени, главата ослободена од непотребни мисли, свеста во стабилна состојба на рамнотежа…

Плетење – мисловна практика на медитација и концентрација, хоби што го прифаќаат милиони жени ширум светот. Неврологијата го призна плетењето како нова јога на мозокот, толку силно е неговото влијанието. Јога за мозокот… Звучи многу импресивно!

Резултатите од студијата, во која учествувале повеќеле дека, за време на плетењето, многу често се доживува состојба на среќа. Релаксацијата, олеснувањето на стресот, самореализацијата, стануваат достапни за луѓето што се занимаваат со оваа ракотворба.

Дали знаевте дека ако плетете, најмалку трипати неделно, вашето ниво на вознемиреност и стрес се значително намалени? Плетењето има неверојатен ефект врз емотивната сфера, ја смирува и придонесува за долгоочекуваното чувство на рамнотежа. Исто така, ќе почувствувате позитивни промени во различни области на животот.

– Менталната состојба се подобрува. Со решавање на психички проблеми, вашите духовни ресурси ќе се зголемат.

– Вниманието и концентрацијата ќе станат ваши постојани придружници.

– Развивањето на фини моторни вештини ќе ви овозможи да работите домашни работи, за што претходно немавте волја.

– Креативноста ќе се развие и ќе ве воодушеви со неочекувани манифестации.

– Самооценувањето ќе достигне ново ниво – чувство на гордост за добро завршена работа и доверба во вашата сила, ќе придонесат за вашата самодоверба

– Лесен начин за развој на трпеливост и упорност. Ништо нема да ве исфрли од рамнотежа!

– Меморијата ќе се подобри и мозокот ќе работи многу побрзо.

Комплетната предност на плетењето не може да се спореди со ништо што го обезбедуваат другите хобиа. Многу научници веруваат дека плетењето им помага на жените во староста да останат присебни и да го продолжат животот.

Депресијата и вознемиреноста можат да се надминат со помош на плетење, а во тешките момренти, ова хоби ќе стане спас од вознемиреноста.

Слични објави

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо

Со само две состојки ослободете се од непријатниот мирис по готвењето

Еспресо

Што мислите, колку пати луѓето вистински се вљубуваат во текот на животот?

Еспресо

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо
Се вчитува....