4.8 C
Скопје
17:25 - 25 ноември, 2024

Дали можеме да се заразиме со коронавирусот во базен, море или во езеро?

Иако сè уште не е познато кога ќе почнат патувањата и дали ќе можеме да одиме на море летово, некои од прашањата што ги интересираат луѓето се – дали е можно да се заразиме со вирусот во море, во базен и колку е опасно престојувањето на плажа. Сите се прашуваат како ќе изгледа ова лето, дали воопшто ќе биде можно да се оди на море и дали е безбедно да се оди на кое било место, а на тие прашања одговори д-р Предраг Кон.

– Одењето на море е сè уште под знак на прашање – пред три дена Грција го претстави својот план во три фази, според кој од 1 јуни ќе почне сезоната ако сѐ биде во ред, Италија и Шпанија и понатаму не се сигурни дали и како ќе ја спроведат летната сезона, а не е јасна ниту процедурата за влез во странските држави, затоа што, судејќи по сѐ, секоја држава ќе има поинаков пристап. Освен тоа, со можност државите да инсистираат на 14-дневен карантин при влез во земјата, дополнително ги обесхрабрува сите туристи од идејата да отпатуваат некаде – рекол д-р Кон.

Затоа многумина размислуваат да го поминат ова лето на домашни реки, езера и базени. Д-р Предраг Кон зборува токму за тоа.

Како што вели, во секој случај, од најголема важност е да се почитува правилото за одржување на далечина, што честопати не е лесно да се постигне на јавните плажи и на базените.

– Водата во базен е хлорирана и безбедна по тоа прашање. Но, тука имаме дистанца што не е лесно да се оствари. Тренингот треба да се одвива на растојание и во помали групи, без контакт, што е тешко за спортовите во вода, на пример. Базените ќе бидат под контрола, а нема посебна опасност ниту за стоечките води и морињата, барем во текот на јуни – рекол д-р Кон.

Иако трендот на новозаболени од коронавирусот во Европа опаѓа, сигурно е дека и летото ќе биде во знакот на овој вирус и дека сенката на пандемијата уште долго ќе виси над човештвото.

Професорот по патологија и заразни болести на Универзитетот Аристотел во Солун, Павлос Николаидис, даде исклучително корисни одговори на прашањата што нè интересираат најмногу.

И тој вели дека пливањето во базен што содржи хлор е безбедно. Никој досега не докажал дека постои потенцијален ризик од зараза со коронавирусот. Истото важи и за морската вода.

Најголем ризик доаѓа со „процедурата“ на капење на кое било место. Условите за соживот со другите луѓе се, всушност, најголем ризик. На пример, ако има 20 лежалки на 10 квадратни метри, разумно е дека тој дел од плажата ќе биде преполн, а тоа веќе претставува опасност.

На прашањето дали постои можност некој да се зарази на плажа или на надворешната површина на базенот, професорот објаснува дека тоа е малку веројатно затоа што главниот пат по кој се пренесува коронавирусот е респираторниот, т.е. се пренесува преку кивање, кашлање, гласен говор кога устата е поотворена.

– Врелиот песок или која било површина не е место на кое ќе се пренесе вирусот. Она што е сигурно е дека ризикот го зголемува единствено метежот на патот кон плажата, на пример, во јавниот превоз. Во текот на престојот на плажа или на базен мора да водиме сметка да бидеме оддалечени најмалку два метра од другите, што е реално во Грција затоа што имаме бесконечно долги плажи.

Покрај тоа, во однос на контактот и употребата на разни предмети додека сме на отворено, спречувањето на инфекција се врши со употреба на сапун или со средства за дезинфекција, како и досега – истакнува Николаидис.

Како што вели, сѐ и понатаму се сведува на индивидуалната хигиена, но и на одредени мерки што мора да бидат во сила и ова лето. Да постои одредена оддалеченост меѓу капачите и барем ова лето да не гледаме фотографии како од претходните години кога беа „залепени“ еден до друг, додал тој.

 

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....