06:22 - 9 април, 2026

„Чесен“ хакер врати 25 милиони во криптовалути кои ги украл две години порано

Еден „мистериозен“ хакер наводно прво украл 25 милиони долари во криптовалути, за две години подоцна истите да ги врати, пренесуваат повеќе светски медиуми.

Податоците кои за тоа сведочат покажуваат дека повеќе различни криптовалути се повлечени од платформата DForce, чие седиште се наоѓа во Кина.

Износот потоа е вратен на ист начин како и што е украден, исто така во криптовалути, пишува „Би-Би-Си“.

Украдени се повеќе различни криптовалути, а најголемата вредност од вкупно 10 милиони долари била изразена во Етереум. Од останатите 15 милиони, 10 се изразени во различни криптовалути, но ти се врзани за американскиот долар.

Она што е посебно интересно во врска со овој случај, покрај фактот дека крадецот сам го врати она што го украде, всушност е тоа што хакерот ја вратил истата количина на пари која претходна ја земал, но во поинаков однос на криптовалути во однос на „миксот“ кој го украде претходно.

И враќањето на парите исто така е извршено преку DForce валутата.

Слични објави

Велигденски хит – рачно изработени свеќи што ќе ви го разубават домот

Еспресо

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....