1.8 C
Скопје
00:37 - 11 март, 2026

Брутални изјави на д-р Хаус што ќе ве освестат, но и ќе ве насмеат: Ако никој не ве мрази, очигледно правите нешто погрешно!

„Д-р Хаус“ е американска телевизиска серија на авторите Дејвид Шор и Пол Атанасиј. Главната улога во оваа серија од осум сезони ја имаше Хју Лори, кој со својот изглед го создаде ликот на ексцентричниот лекар со остар ум и јазик.

Во продолжение прочитакте неколку цитати од доктор Хаус кои ќе ве освестат, но и ќе ве насмеат:

„Ако не знаеш да лажеш, не знаеш да препознаеш ниту кога те лажат“.

„Успешните бракови се засноваат на лаги“.

„Работите се менуваат. Но, тоа не значи дека тие ќе се променат на подобро“.

„Сè е грев и сите плаќаме за тоа“.

„Основната вистина на човековото постоење е дека сите лажат. Единствено што варира е причината поради која се лаже.“

„Да се биде нормален е досадно“.

„Ако разговарате со Бога, вие сте религиозни. Ако Бог зборува со вас, вие сте психотични.“

„Работете паметно, а не напорно“.

„Она што мислите за мене нема да ме промени, но може да го промени она што јас го мислам за вас“

„Во исто време, ме забавува и ме нервира тоа што мислиш дека треба да бидам помалку тврдоглав од тебе“.

„Лесно е да го слушаш своето срце. Обиди се да го слушаш мозокот“.

„Ако никој не ве мрази, очигледно правите нешто погрешно“.

„Не постои тенка линија помеѓу љубовта и омразата. Меѓу љубовта и омразата е всушност Големиот Кинески ѕид со вооружени чувари на секои 10 метри“.

„Човечкиот мозок престанува да работи кога мисли дека ќе изгуби некого што го сака“.

„Ако стапите во брак во дваесеттите години, ќе бидете шокирани во триесеттите години од личноста со која всушност живеете“.

„Велат дека не може да се живее без љубов… Мислам дека кислородот е понеопходен“.

„Очите можат да измамат, насмевката може да излаже, но чевлите секогаш ја кажуваат вистината“.

„Кога сакате да ја знаете вистината за некого, тој е последната личност што треба да ја прашате“.

„Луѓето не го добиваат она што го заслужуваат. Тие го добиваат она што го добиваат и ништо не може да се стори за тоа“.

„Можеби мислите дека не сум во право, но тоа не е причина да престанете да размислувате“.

„Реалноста е скоро секогаш погрешна“.

„Вистината започнува со лаги. Размислете за тоа“.

„Јас сум прилично сигурен дека нема да ви се допаѓам. Ништо лично, јас никого не сакам“.

„Мислев дека ќе ги слушам твоите теории, ќе ги исмејам и потоа ќе ги искористам моите. Вообичаено.“

„Ако умирате, одеднаш сите ве сакаат“.

„Добро сум, само не сум среќен“.

„Посреќен сум со мојата несреќа“.

„Не чувствувам ништо и тоа е прекрасно чувство“.

Слични објави

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо
Се вчитува....