3.8 C
Скопје
02:43 - 17 ноември, 2024

Ако користите некој од овие лекови, не излегувајте на сонце!

Дали знаете дека лековите и сончањето не се добра комбинација? Ако земате одредени лекови, би требало да го избегнувате изложувањето на сончева светлина и на високи температури. Некои креми против акни, антибиотици и антидепресиви во комбинација со сончевите зраци можат да доведат до разни несакани ефекти.

Поради тоа е многу важно внимателно да ги прочитате предупредувањата што се наоѓаат на упатствата на секој лек што го пиете, како и на кремите и на другите препарати што ги користите.

Одредени супстанции што можат да се најдат во нивниот состав ја прават вашата кожа фотосензитивна, т.е. почувствителна на светлина. Од една страна, тоа може да предизвика фотоалергија – алергиска реакција на кожата, која може да се појави и до неколку денови по изложување на сонце. Од друга страна, може да настане фототоксичност, иритација на кожата во рок од неколку часови. За да се спречи тоа, бидете внимателни!

Со кои лекови мора да внимавате ако престојувате на сонце:

Антибиотици

Антибиотиците можат да предизвикаат фотосензитивност и фототоксична реакција, што значи дека ќе ги влошат изгорениците од сонцето.

Креми против акни и козметика против стареење

Препаратите што содржат ретинол и салицилна киселина може да доведат до исушување на кожата, па таа станува многу почувствителна на сонцето. Тоа значи дека ќе изгорите многу побрзо од вообичаеното.

Лекови против алергија

Некои орални антихистаминици може да влијаат врз намалено лачење на потта. Со оглед на тоа дека со потењето телото се разладува и ги исфрла токсичните материи, ова може да претставува проблем при високите температури. Ако телото не може да се разлади, се јавува топлотна исцрпеност, па дури и топлотен удар.

Антидепресиви

Овие лекови можат да го блокираат сигналот што го праќа мозокот дека вашето тело се прегрева. Тие, исто така, можат да го намалат потењето, што доведува до потешко разладување на организмот.

Антивоспалителни лекови

Секогаш кога земате некој од овие лекови, задолжително на кожата нанесете крем за сончање. Лекарите исто така препорачуваат и ако е можно, изложувањето на сонце да го сведете на минимум.

Витамини и препарати на растителна база

Многу витамини и билни препарати што можете да ги купите без рецепт имаат фототоксични ефекти. Затоа мора да бидете внимателни.

Креми за локална примена

Изложеноста на сонце може да го зголеми и ефектот на лековите што се апсорбираат директно преку кожата. Кога ќе добиете изгореници од сонцето, крвните садови на површината на кожата се шират и ова може да доведе до поголема апсорпција на лекот.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....