02:22 - 1 април, 2025

Ова се најинтелигентните луѓе во холивудскиот шоу-бизнис

Најпознатите ѕвезди на Холивуд и музичката индустрија можеби не се фалат многу со ваквите податоци, но многу од нив имаат висок степен на интелигенција.

Меѓу познатите личности е и една девојка која својата песна ја напишала кога имала само четири години, несуден хемичар, психолог, како и литерати и филозофи, пишува порталот Брајт Сајд.
Ова е листата на најинтелигентни луѓе во шоу-бизнисот:

ШАКИРА

Пејачката Шакира својата прва песна ја напишала на само 4-годишна возраст, додека пак првиот албум го издава на 13 години. Шакира има колумбиско потекло и зборува на 5 јазици. Нејзиното IQ изнесува 140, но сепак никогаш не се запишала на факултет.

Instagram

СИНДИ КРАФОРД

Најпознатиот модел Синди Крафорд била студент на генерацијата и добила стипендија за хемиско инженерство. Отсекогаш била преубава и впечатлива а со тоа и речиси невозможно да не ја забележи некој агент и да ја внесе во светот на модата.

Instagram

МЕТ ДЕЈМОН

Познато е дека Мет Дејмон своето прво сценарио за филм го пишува како студент, а потоа освојува Оскар токму за тоа сценарио и тоа за филмот „Good Will Hunting“. Помалку е познат фактот дека неговот IQ е дури 160.

Инстаграм

НАТАЛИ ПОРТМАН

Оскаровката Натали Портман има дипломирано психологија на Харвард и зборува 5 јазици, вклучувајќи го и арапскиот јазик. Нејзиното IQ изнесува 140.

КВЕНТИН ТАРАНТИНО

Оскаровецот Квентин Тарантино своето прво сценарио го напишал на 14 години и веднаш продолжил со пишување на следно сценарио. Режисерот никогаш не помислил да се запише на факултет, иако неговиот коефициент на интелигенција е 160.

ДЕЈВИД ДУХОВНИ

Кога ќе наидеме на името Дејвид Духовни веднаш го поврзуваме со ликот на Фокс Молдер од легендарната серија „The X-files“. Сепак, малкумина знаат дека актерот има магистрирано англиска книжевност на универзитетот Јејл. Почнал да го подготвува и својот докторат, но набргу се откажува од таа идеја заради актерската кариера.

ШЕРОН СТОУН

Актерката Шерон Стоун со само 5 години била запишана во второ одделение, додека пак на 15 години добила стипендија за колеџ. Нејзиниот IQ е 154, што ја сместува во тој 0,1 процент од светската популација со ваков резулат.

Instagram

СТИВ МАРТИН

Познатиот актер и комичар Стив Мартин студирал филозофија, но никогаш не успеал да ги заврши студиите поради својата филмска кариера. Сепак, фактот дека нема завршено високо образование не го спречило да влезе во друштвото со висок коефициент на интелигенција.

РОУАН АТКИНСОН

Актерот Роуан Аткинсон, попознат како Господинот Бин, е тотална спротивност на неговиот филмски лик. Имено, се вели дека неговиот IQ е дури 178, што го става на самиот врв на оваа листа. Роуан студирал инженерство, а потоа се запишал на „Оксфорд“ каде што магистрирал, започнал и докторски студии но сепак одлучил да се фокусира на актерството.

Слични објави

(Фото) Братот на Новак, Ѓорѓе Ѓоковиќ и сопругата уживаат во луксуз: Ѕирнете во внатрешноста на нивниот приватен авион

Еспресо

Поради семејната трагедија Вики Миљковиќ се повлекува од „Ѕвездите на Гранд“: Еве кој ќе ја заменува во жирито

Еспресо

Раскинувањето ѝ го скрши срцето на Рада Манојловиќ: „Не станав од кревет, сестра ми ми носеше храна“

Еспресо

(Фото+видео) Голема прослава за роденденот на Виктор Живојиновиќ: Брена запеа, пристигна торта со огномет, „падна“ и бакнеж со неговата девојка

Еспресо

(Видео) Фрлиле солзавец на настапот на Теодора Џехверовиќ, пејачката проговори: Се исплашив

Еспресо

Почина Маринко Колнаго, основачот на „Нови фосили“

Еспресо
Се вчитува....