5.8 C
Скопје
05:30 - 1 април, 2026

Нова претстава во Драмски театар: на 18 март премира на „Емигранти“ во режија на Зоја Бузалковска

На 18 март (сабота) е закажана премиера на театарската претстава „Емигранти“ – нов проект на режисерката Зоја Бузалковска по текст на Славомир Мрожек. Играат Дамјан Цветановски и Григор Јовановски. Сценскиот дизајн, дизајнот на светло и изведбата на сценографијата е на Мартин Манев.

Зоја Бузалковска за „Емигранти“: „Да се престојува во подрумот, во сутеренот на животот… Да се биде заробеник на мечтите, илузиите, соништата, погрешно поставените тези. Да се слуша животот преку канализационите цевки и вентилационите отвори. Тоа се „Емигрантите“ на Славомир Мрожек, и тогаш кога е напишан овој брилијантен трагикомичен текст, и денес. Секогаш актуелниот Мрожек, точен и болен до коска – се лепи како магнет за секоја пукнатина во надежите, за секое изневерено очекување, за секој изгубен правец, за секој распад на општеството, на личноста.

Извонредна провокација за еден веќе искусен режисер и двајца бескрајно надарени млади актери. Брутално реалистичната приказна би божела да биде и нејзина и нивна, истовремено. Нејзина, онаа на заточеничка во својата возраст, во своите позиции во општеството во длабока криза, во своите длабоко пуштени корени тука, во својата потреба од конечна валоризација на еден живот посветен на други, ама на некое друго место и нивната, онаа на луѓе на стартот на своите надежи и идеали, а веќе изморени од животот во општество кое тврди дека некаде оди со јасна визија каде, а всушност стои во место, откако се родиле па се до денес…“

Билетите можете да ги набавите на билетарница во Драмски театар и онлајн преку karti.com.mk

Закажани се изведби и за 21 и 24 март.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....