18:17 - 7 април, 2026

МУ ОДДАВАМЕ ПОЧИТ НА: Големиот македонски сликар Ѓорѓи Ачески-Аче

Денес му оддаваме почит на големиот македонски сликар Ѓорѓи Ачески – Аче кој починал на денешен ден. 

Бројните цртежи што ги остави зад себе зборат за едно минато време, време за кое копнеат низа генерации. Време кое веќе го нема. Неговиот опус брои над 3 илјади цртежи, а секој, раскажува посебна приказна.

Роден во Прилеп во далечната 1914 година. Почнал да се запознава и создава со сликањето уште како млад. Овој самоук уметник, сè што постигнал во сликарството, го постигнал водејќи се од својот единствен сенс. Неговата посветеност, верба во себеси и големиот талент биле совршен спој.

Љубовта кон цртањето ја должи на Љуба Ивановиќ кој важел за еден од најистакнатите мајстори на графика на просторот на поранешна Југославија. Љуба, со право го нарекувале „кралот на моливот“. Ачески бил воодушевен од делата на Љуба Ивановиќ кој му помогнал да се определи за старата архитектура. Инспирација наоѓал во градските периферии и селските населби низ целата тогашна Југославија.

Неговата прва изложба се случила во 1938 година. Имал над 15 самостојни изложби, а бил дел и од голем број заеднички изложби. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградите „3ти Ноември“ и „11 Октомври“.

Ѓорѓи Ачески – Аче засекогаш ќе го паметиме по неговата легендарна изјава: „Можно е да сум постигнал многу, а можно е да не сум стасал никаде, но сигурен сум дека не можев да бидам подруг, освен тоа што сум“.

Аче почина на денешен ден 5 ноември во 1979 година.

Слични објави

Изберете елеганција што остава трага и стил што се памети за незаборавна матурска вечер

Еспресо

Телевизија Пинк објави кога Зорица Брунцлик ќе се врати во „Ѕвездите на Пинк“

Еспресо

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо
Се вчитува....