19:49 - 2 април, 2026

Мисти Кид, манекенката која прошета гола на ревија на „Гучи“, нè инспирира да го прифатиме нашето тело такво какво што е

Младата Мисти Кид Хит е манекенка која го привлече вниманието откако прошета по модната писта на ревија на „Гучи“, покажувајќи ги своите бујни гради, што ретко се гледа во модната индустрија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by misty (@mistkyd)

Мисти е ќерка на новинарот Ешли Хит и познатата пејачка на алтернативната рок група „Тексас“, Шарлин Спитери.

Младата манекенка од Лондон, родена во 2002 година, ја забележа италијанскиот „Вог“, кој во 2020 година ѝ организираше едиторијал фотографиран од Дејвид Симс.

Мисти прошета по модната писта изгледајќи како божица. Носеше проѕирен фустан и проѕирна наметка украсена со дијаманти, како и чизми со врвки. Не носела ништо одоздола и како што вели, тоа го доживеала како ослободувачки момент во кој на сите ќе им покаже дека научила да се прифаќа себеси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by misty (@mistkyd)

Мисти пораснала опкружена со уметност, па присуствувањето на модни ревии, концерти и забави ѝ било вообичаено. Растејќи во такво опкружување, брзо сфатила дека сака да биде модел, па на 14 години за прв пат се прошетала на модната писта за Miu Miu.

Мисти инспирира милиони девојки и жени од целиот свет да го прифатат своето тело такво какво што е. Работите во модната индустрија полека се менуваат, можеме да видиме сè повеќе модели кои не исполнуваат одредени „критериуми“ на кои сме навикнати. Сигурно е дека девојките ширум светот по овој потег ќе се чувствуваат поудобно поради нивните бујни гради и дека ова е една голема промена кон поголема инклузивност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by misty (@mistkyd)

Слични објави

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.
Се вчитува....