11.8 C
Скопје
10:35 - 10 март, 2026

Медицинска сестра открива за што луѓето најмногу жалат пред да умрат

Медицинска сестра од дом за стари лица во САД откри што научила додека се грижела за луѓето кои умираат. Вели дека, според нејзиното искуство, многу луѓе подеднакво тагуваат по животот додека нивното време на оваа земја се приближува кон крајот.

Оваа медицинска сестра, позната само како Џули, го користи својот профил на TikTok за да ги едуцира луѓето за смртта со разбивање на вообичаените митови и споделување искуства што ги имала на работа. Таа станала медицинска сестра во домот за стари лица откако девет години работела на интензивна нега.

Во едно видео на TikTok, Џули откри зошто нејзините пациенти најчесто тагуваат пред нивната смрт.

Со објавувањето на видеото, таа всушност сакала луѓето да размислуваат за некои работи за да не жалат за нив кога ќе се осврнат на нивните животи.

Во видеото таа одговори на прашањето: „Какво жалење најчесто слушате? Имам чувство дека сите на крајот жалат за нешто,“

Џули објасни дека има дури пет најголеми жалења што луѓето често ги имаат кога се ближи до смртта.

– Повеќето луѓе на крајот од животот жалат што не го ценеле своето здравје. Исто така, дека не го ценеле тоа што се живи и оние мали ситници во животот. Исто како и тоа што не поминувале повеќе време со семејството и што работеле далеку од дома – вели таа.

Од една исповед на нејзина пациентка, Џули го научила следново:

„Бидете во моментот, живејте сега, бидете благодарни, не го земајте здраво за готово вашето здравје и малите нешта во животот. Не го отфрлајте животот ако не морате и преземете нешто. Животот е еден. Поминувајте време со оние што ги сакате, не нужно со вашето семејство, туку со оние што ги сакате и со кои се чувствувате сакани“.

Гледачите на видеото беа благодарни за советот, а еден коментар гласеше: „Ви благодарам, морав да го слушнам ова“.

– Госпоѓо, ова беше многу инспиративно. Ви благодариме што го споделивте вашето знаење. Тоа се цени – коментираше друг гледач.

Трет додаде: „Морав да го слушнам ова денес. Ти благодарам, Џули“, пишува Њујорк пост.

@hospicenursejulie

Reply to @kaitmichaud #hospicenursejulie #hospice #learnontiktok #PepsiApplePieChallenge

♬ See You Again (Piano Arrangement) – Alexandre Pachabezian

Слични објави

Љубовта умре но нова пак ќе се роди: Емотивна приказна на Елена Велевска

msp-admin

Рушка Јакиќ и Вања Булиќ проговорија за „вонбрачното дете“: „Веднаш ја повикав неговата сопруга“

E.A.

Бресквица се огласи по тврдењето дека Лука Дончиќ се разведува поради неа: „Јас сум виновна за сè?“

Еспресо

Дарко Лазиќ конечно „избега“ од Малдиви, но доби лоши вести по 11-часовниот лет: „Ми се смачи одморот“

Еспресо

Хороскоп за 10 март: Биковите ги очекува успех во работата, Вагите ќе се впуштат во авантура

apostolova

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо
Се вчитува....