-0.2 C
Скопје
20:59 - 20 јануари, 2025

(ФОТО+ВИДЕО) ГО ШОКИРАЛА ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО: Готик девојка се трансформирала во „класична“ убавица на еден ден!

џордан бови

Џордан Бови израснала во конзервативно христијанско семејство со мајка русокоса и сестра која го следела истиот стил. Но, Џордан отсекогаш била „црната овца“ на семејството која претпочитала готски карактеристики наместо класично уредување и шминкање, пренесува „Daily Star“.

27-годишната девојка решила да се трансформира во класична убавица за повеќе да личи на својата сестра. Таа направила привремена прекрасна трансформација. Имено, професионална шминкерка ги покрила нејзините тетоважи и го заменила црниот латекс со блескав сребрен фустан.

„Целосно се изненадив кога се видов себеси во вакво издание. Очекував да бидам барем малку препознатлива по моите природни особини, но изгледав како сосема друга личност. Тоа малку ме исплаши бидејќи се навикнав на тоа како обично изгледам“, рече таа.

Џордан, инаку уметник од Минесота во Америка, уште од мала експериментирала со својот изглед. На училиште често добивала навреди, но реакциите на непознатите со текот на времето се подобрувала.

Тоа сега еволуираше во интриги и комплименти. Повеќето луѓе ми велат дека мислат дека сум интересна и многумина ме фотографираат“, вели Џордан додавајќи дека она што најмногу го сака во својот стил е тоа што го градела уште како дете. Тврди дека на некој начин е уметничко дело за себе и е среќна што си останала верна на себе и на својата визија сите овие години.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Како што вели, нејзината сестра Анџела отсекогаш била традиционално убава и популарна и изгледала прекрасно со руса коса и розова облека. Нејзе еднаш дури ѝ била доделена титулата „Little Miss Minesota“, а нејзиниот контрастен изглед ја инспирирала Џордан да ја направи оваа трансформација.

„Бев љубопитна бидејќи цел живот ме прашуваа како изгледам „нормално“ и никогаш немав одговор на тоа прашање. Беше навистина возбудлив експеримент и ми требаа околу пет часа да се пресоблечам, да ги покријам тетоважите, да ставам перика и да се нашминкам“, вели Џордан.

Нејзиниот син кармин, темните сенки за очи и белата шминка за момент биле заменети со потопли тонови и гламурозен изглед. Роднините на Џордан останале без зборови кога го виделе крајниот резултат.

„Анџела навистина не знаеше што да мисли. Беше шокирана, особено затоа што поради пандемијата не сме се виделе повеќе од една година“, вели Џордан.

Нејзиниот вереник Мет Линднер исто така останал без зборови, но рекол дека неговата идна сопруга секако изгледа прекрасно. И покрај тоа што не била во готик издание, Џордан била задоволна од екстремните промени.

„Ми се допадна што имав сребрен фустан. Се плашев дека ќе биде нешто розево или темно црвено, па се радував што не е толку екстремна промена“, вели таа.

По неколку часа во чевлите на нејзината сестра, Џордан си се вратила на својот омилен готски стил. Вели дека можеби некогаш повторно ќе направи поинаква трансформација и се надева дека фотографиите од пред и потоа ќе ги охрабрат другите луѓе да бидат тоа што се.

„Најмногу сакам овој проект да ги инспирира луѓето да бидат свои, без разлика што мислат другите. Ако ништо друго, се надевам дека беше забавно и донесе насмевка на нечие лице. Тоа беше целта на целиот проект“, заклучила Џордан.

Слични објави

Милан Калиниќ донесе одлука по разводот: „За три-четири месеци ќе ја видите мојата…“

Еспресо

(Фото+видео) Милош Биковиќ и Ивана Малиќ уживаат со синот: Малиот Василије воодушевен од магијата на зимата

Еспресо

(Фото) Катарина Грујиќ го слави Свети Јован: Домашна атмосфера во семејната вила, пејачката ја покажа масата

Еспресо

(Видео) Дарко ѝ пееше на уво на свеската! Сестрата на Катарина силно го прегрна, не можеа да ги задржат емоциите

Еспресо

(Фото) Лепа Брена „искешира“ 20.000 евра за одморот на Тајланд! Со Боба уживаат во луксузно одморалиште, еве што им е на располагање

Еспресо

Конан О’Брајан ќе биде водител на 97. доделување Оскари

Еспресо
Се вчитува....