6.8 C
Скопје
04:32 - 31 март, 2026

ФОТО: Блесна палатата Бленхајм и ги воодушеви гостите со празничниот декор

Палатата Белнхајм го претстави својот величествен традиционален свечен декор во пресрет на божиќната прослава на семејството Марлборо. Целиот простор е прекриен со блескави елки, сијалички и венци.

Палатата во Велика Британија, семејното седиште на војводата од Марлборо, е претворена во неверојатен празничен рај во кој посетителите можат да уживаат во 3 јануари.

Иако палатата секоја година се китеше според одредена тема за декорација (минатата година темета беше Алиса во земјата на чудата), оваа година тие се одлучија за едноставен и класичен стил на празничното китење.

На гостите им стојат на располагање раскошните соби, како и изложбата на современа уметност од Сесили Браун.

Фотографиите го прикажуваат салонот, трпезаријата каде семејството Марлборо традиционално го прославува Божиќ, облечени за празничниот прием, во атмосфера украсена со златни свеќници и послужавници, прекрасни зимски цветови и две новогодишни елки.

Големата просторија, која може да прими и до 80 гости, е место во кое семејството Марлборо традиционално вечера за Божиќ.

Палатата, која важи за светското наследство и родното место на Винстон Черчил, е особено спектакуларно место за посета во текот на зимата, но оваа година поради коронавирусот таквите патувања за жал се ограничени, пишува Дејли Мејл.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....