3.8 C
Скопје
15:57 - 20 декември, 2024

Друштвото на филмски работници учествува на Генералното собрание на Европската асоцијација на режисери во Франкфурт

Претставници на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) учествуваат на Генералното собрание на Европската асоцијација на режисери (FERA), кое се одржува во Франкфурт. ДФРМ во Франкфурт го претставуваат режисерите Игор Иванов-Изи, Претседател на Друштвото на филмски работници и Даријан Пејовски, Претседател на секцијата режија во ДФРМ.

Ова е прв собир во живо на Генерално собрание на Федерацијата на европските филмски режисери од 2019. година, а домаќин на годинашното издание е филмската организација AG DOK во соработка со здружението BVR и филмскиот фестивал LICHTER Frankfurt International, со поддршка на VG Bild-Kunst. Во фокусот на Собранието оваа година е обновата на организацијата, односно членовите бираат нов Извршен одбор и нов почесен претседател на FERA во следните две години.

Благодарение на партнерството со филмскиот фестивал LICHTER во Франкфурт, на годинашата конференција на FERA се одржуваат две јавни пренесувани во живо, собирајќи ги филмските креатори и клучните играчи во индустријата за да разговараат за неодамнешните случувања кои влијаат на филмскиот занает и иднината на европскиот филм.

Првиот панел има за цел споделување сведоштва и искуства од снимањето филмови во текот и за воените конфликти, додека руската инвазија во Украина ја враќа во фокус единствената улога на филмските креатори за време на војна. Во време кога се потсетуваме дека културата е суштински дел од секоја добро функционална демократија, филмаџиите со единствени гласови го претставуваат потребното огледало на општеството. Сепак, додека уметничката и креативната слобода што им е потребна еродира низ Европа, јавната интервенција наменета за поддршка на закрепнувањето на аудиовизуелниот сектор од Ковид-19, се чини дека се фокусира исклучиво на глобализацијата, дигитализирацијата и понатамошно разеленување: на вториот панел се расправа за тоа како да се стави уметничката, креативната и културната разновидност повторно во срцето на аудиовизуелните политики ширум Европа.

Друштвото на филмските работници на Македонија е здружение на граѓани, основано на 21. мај 1950 година, формирано со слободно здружување на филмски работници од Македонија и има својство на правно лице. Друштвото е независно, самостојно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на филмските работници. Основните цели на Друштвото се остварување и заштита на правата и интересите на македонските филмски професионалци кои делуваат на територијата на Македонија и во странство, како и обезбедување континуиран развој на филмската дејност, стимулирање и унапредување на филмската професија, промоција на филмската уметност и култура. Друштвото е иницијатор, основач и организатор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, како и иницијатор, основач и организатор на филмската ревија „Златна рамка“ која претставува увид и приказ на реализираните македонски филмови во една календарска година финансирани од буџетот на РСМ.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Принцезата Дијана: „Во пресрет на свадбата реков дека не можам да се омажам за Чарлс“

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо
Се вчитува....