13.8 C
Скопје
11:26 - 25 април, 2024

Рајски остров: Фолегандрос (ФОТО)

Фолегандрос се нарекува рајски остров, но класифициран е во групата на острови со висок ризик – бидејќи нема соодветна здравствена заштита.

Островот отсекогаш бил во сенка на Санторини, се наоѓа на 40 км од него и припаѓа под неговата управа.

Како да стигнете до островот Фолегандрос?

Наједноставниот начин е со траект од атинското пристаниште Пиреја, кое е оддалечено 160 км од Фолегандрос.

Instragram

 

Островот се протега на површина од 32 км2 и познат е по одличниот ноќен живот, но и фактот што не го посетуваат туристи како другите острови од групата Киклади. Во таа смисла се смета за идеален во време на пандемијата на коронавирусот.

Instagram

Островот Фолегандрос брои население од 550 жители. Повеќето од нив се насочени кон туризмот, земјоделството и риболовот.

Доколку одлучите да го поминете летото на овој остров, треба да знаете дека капацитетите за сместување се ограничени, но и цените се високи. Повеќето капацитети нудат сместување за ноќевање без појадок, а само неколку нудат услуга за ноќевање со појадок.

Најевтината варијанта на сместување на островот Фолегандрос кон средината на јули е околу 100 евра. Тоа е цена за изнајмување стан, наменет за две лица и се наоѓа во Каравостаси. Во близина има пристаниште, прекрасна плажа, а становите во оваа зграда нудат феноменален поглед.

Околу 160 евра е изнајмување на стандардна соба со два кревети во главниот град на овој остров, Хори. Сместувачкиот објект има три sвезди и се наоѓа во самиот центар на главниот град. Оддалечено е неколку километри од пристаништето и на гостите им се нуди можност да го користат базенот.

Instragram

На Фолегандрос има неколку хотели од висока класа, кои поседуваат четири ѕвезди. Достапните капацитети се наоѓаат во главниот град Хори и цената за ноќевање со појадок во средината на јули во двокреветна просторија, изнесува помеѓу 175 и 200 евра.

Instagram

Хотелот со пет звездички, се наоѓа во областа Каравостаси на островот Фолегандрос и цената на ноќевање со појадок за две лица е 324 евра. Сместен во близина на пристаништето и модерно опремен, ги нуди сите потребни удобности на туристите.

Instragram

Слични објави

Раста се огласи од болница, мора итно на операција: „На безобразните им посакувам исто да ги снајде“

еспресо

Се огласи сопругата на Никола Роквиќ: „И ние тргнуваме на пат за Грција…“

еспресо

Астропрогноза за четврток, 25 април: Скорпиите да не преземаат ризик, за Девиците неочекувани обврски

еспресо

Бела низа денови: Два хороскопски знаци ги чека исполнување на соништата

еспресо

(Фото) Никола Роквиќ запеа со уличен музичар: „Патот е секогаш посреќен со песна!“

еспресо

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо
Се вчитува....