05:10 - 10 јануари, 2026

Бабини деветини за привлекување пари! Истурено кафе и црвен паричник…

Некои од овие верувања се интересни, па затоа многумина од нас сакаат да веруваат дека навистина се делотворни.

Сигурно го знаете она верување кога левата или десната дланка ве чеша и веднаш низ главата ви минува дека или ќе добиете пари или ќе останете без нив?
Тоа е верувањето кое е присутно многу години во човечката историја и никој сѐ уште не нашол логично објаснување за тоа. Сепак, верувањето постои и е длабоко вкоренето во општеството.

Исто така, постои верување кога кога нѐ чеша дланката, дека треба да се почешаме од дрвен предмет и тоа ќе ни донесе среќа.

Ако добиете пари на први во месецот или за време на полна месечина, верувањата велат дека навистина имате среќа. Народното верување вели дека тоа значи дека ќе имате поголем прилив на пари во наредниот период.

Ако сте истуриле кафе, не се вознемирувајте, напротив. Според народното верување, тоа значи дека ве чека парична добивка. Секако, ова не важи ако намерно сами истурите кафе.

Дали сте еден од оние кои ги собираат монетите во каса? Одлично! Многу монети на едно место можат да привлечат големи суми пари во животот.

Според Фенг шуи, парите се привлекуваат ако монетите ги чувате во кујната, додека, според руското суеверие, ќе дојдат големи суми пари ако чувате монети во плакарот или во вреќи распоредени низ целата куќа.
Парите, се разбира, се поврзуваат и со боите. Затоа треба да се обрне внимание на паричникот што го носите. Пожелно е да биде во црвена боја, бидејќи оваа боја е позната по тоа дека привлекува богатство и ја неутрализира негативната енергија. Според Фенг шуи, црвената привлекува уште повеќе пари во животот.

На ред се верувањата со кои ги бркаме парите од нашиот живот и кои не се поволни:

• Според народните верувања, никогаш го вртете лебот наопаку, затоа што тоа може да придонесе да останете без пари.

• Исто така, верувањето вели, ако позајмите леб на некој од соседите, финансиската стабилност од вашиот дом ќе помине во нивниот. Освен тоа, ни сол не треба да им позајмувате на други.

• Погрижете се џебовите никогаш да не ви се превртуваат и да не се искинати, затоа што во тој случај ќе изгубите пари. Буквално!

• Ако сакате финансиска стабилност и многу пари, никогаш не ја оставајте торбата на подот, затоа што тоа носи сиромаштија.

 

 

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....